Вељко Остојиќ, министерот за туризам на Република Хрватска, поднесе оставка. Повод беа обвинувањата дека го оштетил буџетот на државата.
Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ ја прифатил оставката.
Остојиќ се поврзува со малверзациите околу пренамената на земјиште во Истра, во што биле вмешани и неговата жена и членови на семејството.
По разговорот со министерот, премиерот ја прифатил неговата оставка. „Коалицијата постави високи етички стандарди за членовите на владата и од нив не планира да отстапи“ изјавиле од Владата и изразиле очекување дека Истарскиот демократски сабор како членка на владејачката коалиција од чии редови дошол Остоjиќ, ќе предложи нов кандидат за министер за туризам.
Хрватските медиуми јавуваат дека тема на вонредната седница на претседателството на ИДС ќе биде излегувањето на оваа партија од владејачката коалиција.