Хрватскиот Сабор го изгласа таканаречениот Лекс Перковиќ, со 83 гласа „за“, 28 „против“ и осум воздржани.
Откако ХДЗ побара состанок во очи гласањето, Давор Млакар по враќањето од говорницата рече дека законот е помалку лош од предходниот кој Владата морала да го промени по европскиот налог.
Кон средината на септември Европската комисија објави дека го активира клаузулата 39 од Договорот за пристапување. Присилните мерки спрема Хрватска, Европа ги презеде за непочитување на Европскиот налог за апсење. Потпретседателот на Европската комисија доби целосна поддршка од европските пратеници и од претседателот на Комисијата, Жозе Мануел Баросо, со што беше отворен простор за воведување на мерки кои би требало осигураат дека Хрватска хитно ќе го промени “Лекс Перковиќ “.
На денешното гласање во Саборот беше отфрлен предлогот на Јадранка Косор законот да стапи во сила веднаш по објавувањето во службен весник.