Венецуелскиот претседателот Хуго Чавез се бори со нова и тешка инфекција и неговите проблеми со дишењето се влошуваат, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на соопштението на министерот за информации Ернесто Вилегас, кој го прочита на државната телевизија ВТВ.
Според неговите зборови, состојбата на Чавез е многу деликатна, а освен тоа прима хемотерапија и е подложен на други третмани. Чавез не се има појавено во јавноста од 11 декември, по операцијата во Хавана, Куба, која му беше 4-та досега.
58-годишниот венецуелски претседател за прв пат обзнани дека има канцер во 2011 г., но владата никогаш нема објаснето за какви вид канцер се работи.