Вардар останува без лиценца за настап во квалификациите за Лига Европа. Одлуката на комисијата за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е конечна, откако и жалбата на „црвено-црните“ е одбиена како неоснована. Со тоа, најтрофејниот македонски фудбалски клуб за првпат нема да се појави на меѓународната сцена од административни причини иако со освоеното второ место во домашното првенство се здоби со такво право.
Апликацијата на Вардар доаѓа како последица на неисчистените долгови што раководството на клубот ги има кон играчите и стручниот штаб и покрај најавата на УЕФА во декември лани за двегодишна суспензија на вардарци. Покрај нив, европска виза не доби ниту Победа која во наредната сезона ќе се натпреварува во Втора лига.
Лиценци за настап во Европа во сезоната 2019/20 добија Академија Пандев, Беласица, Македонија Ѓорче Петров, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија и Шкупи.