Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И Бог рече: Не мешајте политика

0
By Биљана Секуловска on August 13, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Некаде, на крајот на светот, во близина на Австралија, закотвен е островот Тана, дел на провинцијата Вануату. Токму таму, во едно изолирано село, онаму каде што патиштата се градени само од кал, живее доброчудно племе, кое се буди и заспива со сликата на војводата од Единбург, Принцот Филип.

Овие луѓе, со очи полни надеж и исчекување, со години го чекаат нивниот Бог, Принцот Филип, да ги посети, особено откако пророкот Фред Насе го предвидел возбудливиот настан.

16 Feb 2012, Vanuatu --- Yaohnanen, Vanuatu. 16th February 2012 -- Two men from Yaohnanen village in Vanuatu hold portraits of Prince Philip, which he presented to the village. -- In a village on the island of Tanna in Vanuatu. The Yaohnanen believe that Prince Philip, Duke of Edinburgh, the consort to Queen Elizabeth II, is a divine being; the pale-skinned son of a mountain spirit and brother of John Frum. --- Image by © Roman Kalyakin/Demotix/Corbis

Нивната свечена средба ќе биде 2016, пресекол Насе, убедувајќи го племето дека циклонот кој го опустоши овој дел од Пацификот не бил воопшто случајност.

Радувајте се што после циклонскиот налет од колипките не ви остана ниту една трска, затоа што оваа елементарна непогода е само од Бога дадена- тоа е најава дека со сите почести ви доаѓа високиот гостин, Војводата, чие име сега го спомнувате треперливо и замуцкувате притоа.

19 Mar 2015, Tanna Island, Vanuatu --- epa04668877 Villagers clean up their destroyed homes on Tanna Island, Vanuatu, 19 March 2015. The Vanuatu islands were the hardest hit when Tropical Cyclone Pam began ripping through the South Pacific on 14 March. The cluster of dozens of islands, home to more than a quarter million people, saw winds of more than 250 kilometres per hour and flooding caused by heavy rains. EPA/DAVE HUNT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT --- Image by © DAVE HUNT/epa/Corbis

Сега е август, 2016. Племето кај Тана се уште го чека својот Принц, својот Бог, кому му се посветени ритуалите кои ќе го натераат да ги спакува набрзина куферите и со својот приватен авион да слета сред откорнатата од циклонот пустелија, за да го види своето поданичко племе.

Војводата ќе се држи строго и бескомпромисно до протоколот- ќе облече високи, пластични чизми, три броја поголеми за да може некако да се движи, за да може достоинствено, сосема заглибен, зацапан во калта да го најде патот до своето светилиште.

Сега е август, 2016 година. Сосема на спротивниот крај на светот, некаде јужно во Европа, низ вековите, опстанало исто така едно племе- доброчудно, милозливо, но жилаво и вешто во одржливоста.

Дозволете ми да ви го претставам македонското племе.

Кротко и со наведната глава, покорно, поданички, низ тие бурни, бесни, крвави векови, проаѓало, се мушнувало, се сопнувало и пак се кревало, гинело и пак се раѓало, тврдоглаво и со прочуениот прилепски инает, опстојува и денес.

Во август, 2016, еден сериозно силен дожд го зафати овој јужен дел на Европа. Се разбира дека не стануваше збор за циклон од оној осамен остров на Пацификот, но, како што бива во политичката организација на секоја племенска заедница, имате различни мислења и толкувања за силината и сериозноста на ударот.

Некои од експертите, иако се наоружани со факултетски дипломи, искуство, знаење, не се авторитет за дел од луѓето, а  се сомневам дека станува збор за поголем дел од населението, демантирајте ме ако грешам.

Тоа е население кое се повикува на милостивиот но и некогаш хировит, непредвидлив  Господ, на циничниот Севишен, кој не спречува затоа што не може, (или не сака? или не знае?) елементарна непогода, колку и да му се симпатични приврзаниците од ова забито македонско племе.

Овие експерти за кои говорам, оние со дипломите кои разочарано ги спомнуваат, велат дека оваа непогода не смее да биде толкувана како последица, не е причината за трагедијата, за изгубените животи на 22 луѓе. Приградските населби, околните села на главниот град на Македонија кои колабираа сосема наликуваат на браќата близнаци, тоа се селата на изгубените души од островот Тана, кое попусто го чека својот Бог, Војводата од Единбург.

Причините, велат експертите на кои им верува мал дел од населението, морате да ги барате во криминалното владеење, во неукоста, незнаењето, апашлукот, корумпираноста.

Говорат за поплави заради неисчистени канали каде ќе се слева водата и ќе завршува до Вардар, соголени, искасапени планини кои мораат да бидат пошумени, провизорно изградена обиколница небаре е од гипс картон, но и сомнежи дали воопшто смеело да биде изградена, итн.,итн. Очајот на експертите предизвика бура во дел од јавноста, се бараат оставки, одговорност, се најавуваат кривични пријави, итн.,итн.

Власта спремно ги дочека ваквите критики и вели да не се меша сега политиката: пратеникот Илија Димовски говори дека е нецивилизирано да се говори за одговорност во вакви околности, градоначалникот на Скопје Коце Трајановски вели дека не чувствува одговорност, директорот на Хидрометереолошки зборува за непогода која се случува еднаш во 1000 години, лидерот на ВМРО Груевски итно доаѓа во спасувачка мисија од плажите во Анталија и дава заповеди на премиерот, министрите, директорите, на сите што по ниту еден Устав и закон нема никакво право да им наредува, да координира, да заповеда.

Во август, 2016 година, нема никакви информации дали Богот на островското племе близу Австралија дошол и ги прегрмиле последиците од циклонот овие добри луѓе.

vinice-misajlovski-gruevski-768x505-1-740x487

Во истиот овој месец, сосема некаде далеку од ова напуштено племе, во селцата Стајковци, Црешово, во официјална посета дојде еден нивен Бог, премиерот Никола Груевски.

Од една репортажа на Канал 5 може да се види и да се слушне како овие луѓе, средовечни, релативно млади мажи седнале на една правоаголна маса со пластична мушама, на иста маса со Богот и разговараат за нивниот живот во кој има надеж.

Грешите ако мислите дека тие знаат дека е скотски живот, опасно грешите ако мислите дека тоа се несреќни, изгубени души, немојте да помислувате на тоа.

На прапочетокот, тие се создадени од Големиот креатор од истиот материјал како и племето од островот Тана, како и војводата од Единбург, како и сите ние. Подоцна, нешто малку подоцна, откако ќе бидат родени, овие луѓе ја започнуваат својата борба со животот, која ми дава за право да кажам дека е една од потешките, нечесните битки, онаа битка која не е фер и е една од најнеправедните.

Сиромаштијата води кон нерамноправна битка во животот со останатиот свет- стартните позиции откако ќе заплачете за прв пат се прашање на живот или смрт, особено во оваа земја.

kuk

Овие добри луѓе се родени во трошни, запуштени куќи, чекорат секојдневно по кал, немаат асфалт, но имаат добиток, нешто пород од таа стока, немаат секогаш струја и Интернет, водата е со сомнителен квалитет, но имаат пред се живот. И за тоа се благодарни.

Тие веруваат дека оваа елементарна непогода било невозможно да се спречи, некои веруваат дека се е масло на хировитиот Бог и тогаш, кога ќе дојде премиерот Никола Груевски, за да ја слушне нивната приказна, тие нему му се обраќаат, му кажуваат на нивниот личен Бог, кој може да му се спротивстави на оној другиот, апстрактниот:

– Се е во ред, не веруваме дека за три дена се ќе се среди, а се среди, тоа е голем успех, се е во ред, немаме асфалт, само тоа ни фали, ако може да се добие улица без кал, со асфалт, инаку се е добро, се е во ред, велат овие кротки луѓе.

Знаете, не би се зачудила дека еден голем дел од луѓето ги одржува силата на еден Блаже Конески, знам дека многумина и не го читаат секојдневно, но тој им е запишан во генот, верувам во тоа, навлезен им е во секоја пора, тие можеби и не знаат за тоа, дури и овие несреќни луѓе од опустошените села, не се свесни за нивната генетска поврзаност со поетот Блаже Конески. Веројатно сега ви личам на оние занесењаци од племето на островот Тана, но помислете само за миг- зарем ќе преживеевме да не беше Блаже Конески?

Зарем овие луѓе од македонските села ќе можеа да говорат, да мислат, да преживеат вакви трагедии, да ги губат своите деца, најмилите, а да не ја кажуваат во себе молитвата на Конески, онаа песна која говори за Спомените, во која ќе ги сонуваат своите?

Тие секогаш ќе ни говорат, ќе си зборуваат, ќе си мрморат во себе, кога нема повеќе да има никој покрај нив:

“Целиот живот ми се спомените”.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.