Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И медиумите од регионот ја бодрат македонската фудбалска репрезентација

0
By Mirjana on March 29, 2022 ПОЛИТИКА, СПОРТ
Photo: Kathimerini
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонците сонуваат ново чудо и историски пласман на мундијалот, со овој наслов државната телевизија на Србија известува за вечерашната финална утакмица за европскиот бараж, меѓу Северна Македонија и Португалија. Иако вечерва играат и Полска и Шведска, РТС во својот текст нотира дека сепак сите очи ќе бидат вперени на стадионот „Драгао“ на кој Португалците ќе го пречекаат „ најголемото изненадување на овие квалификации“ Северна Македонија. Играчите се полни со самодоверба, мотивацијата не е проблем, пишува РТС, потсетувајќи на ветувањето од премиерот и министерот за надворешни работи, доколку се пласираат на мундијалот нив ќе ги чекаат 500 илјади евра и дипломатски пасоши за сите од екипата вклучувајќи го и селекторот.

Северна Македонија ја спречи Италија за Мундијалот 2022, ова е насловот на бугарскиот портал „Сега“ кој пишува дека за Италијанците неуспехот бил многу болен бидејќи ќе пропуштат второ светско првенство.

Македонската десетка за „Вијести“, пишува подгоричкиот весник наведувајќи дека македонските фудбалери овој натпревар го коментираaт како натпревар на нивниот живот.

„ Нашиот мотив е да направиме нешто големо за нас , за нашата земја, за навивачите..за нас е ова натпревар на сите времиња, натпревар над сите натпревари , за нас ова е финале“ изјавил фудбалерот Енес Барди.

Во Палермо се случи чудо, може ли и во Порто да се случи чудо над чудата, фудбалерите на Северна Македонија веруваат дека е се можно, пишува „ Вијесник“.

Хрватскиот „Јутарњи лист“ пренесувајќи ја изјавата на Роналдо , коментира „ Нервоза во пресрет со Македонија“.Кристијано Роналдо со Португалија ќе се обиде да ја прескокне Македонија и да се пласира на светското првенство во Катар. „ Јутарњи“ наведува „иако Португалците се фаворити на домашен терен, Македонците се со голем залет и доаѓаат на крилата на победата над актуелните европски прваци, Италијанците“. Роналдо прилично нервозно одреагирал на новинарско прашање дали ако Португалија не се пласира за мундијалот, дали тој ќе ја заврши репрезентативната кариера,тој одговорил дека Светско првенство не можело да се игра без Португалија и дека ова било прашање на „живот и смрт“.

Наспроти изјавата на Роналдо српски „Блиц“ пишува дека португалците сепак биле внимателни во пресрет на вечерашниот меч и немале дилема околу тоа дека со покажаната игра во Палермо, Mакедонците заслужувале да се таму.  

Со сличен коментар настапуваат и дел од грчките медиуми. Додека на хартија тимот на Кристијано Роналдо е огромен фаворит, фактот што нивните противници ја покорија Италија во Палермо во четвртокот вечерта ,тимот на Северна Македонија го прави ова потенцијална кожа од банана. Европскиот првак Италија упати 32 шута на тој натпревар, но не можеше да ја пробие северномакедонската одбрана, наведуваат медиумите.

(М.Трпческа)

за вечерашниот натпревар Македонија - Португалија медиумите од регионот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
ФОКУС

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

ВЕСТИ November 7, 2025

Швајцарскиот гигант „Ганвор Груп“ ја повлече понудата од 22 милијарди долари за меѓународниот бизнис на…

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025
ТИКЕР

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.