Зоран Иванов
Другата половина е таа што не излезе да гласа.
Тоа е таа инаетлива, егоистична, мрмкава и социјално покомотна.
Таа половина не е ниту незаинтересирана ниту е неутрална.
Тоа е таа која следи, слуша, гледа, чита, коментира, па и политички озборува.
Тоа е таа што не се огласува јавно, што молчи и премолчува за катадневната македонска морална и материјална атрофија, за бесперспективноста, за наводните, измислените идентитетски приказни.
Дел од тие негласачи се статусно влијателни академски граѓани, универзитетски наставници, заслужни академици, коморски и некоморсрки анти ЕУ бизнисмени.
Последниве можеби за да не и` се замерат на власта па да испуштат некој тендер или да не заработат некаква инспекција.
Тоа е тој дел од таа негласачка половина на која очигледно и конвенира и која пасивно го негува овој и ваквиот континуитет на беден општествен и, ако саката, антиевропски амбиент.
