Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И официјално пропадна опозициската иницијатива за (не)доверба на Владата

0
By НОВА ТВ on November 11, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пропадна иницијативата на опозицијата за уривање на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

По долгите паузи, Собранискиот спикер, Талат Џафери вечерва ја свика 53-тата седница на Собранието, за гласање на единствената точка на дневен ред – доверба на Владата.

– Дневниот ред не е изгласан. Поради фактот што не може да се отвори дебата, според деловникот околу иницијативата за гласање на доверба на Владата, имајќи предвид дека надминува времето, во ваква ситуација не ни останува ништо освен да констатираме дека на Владата не и е изгласана недоверба. Владата продолжува да работи во полниот состав. Констатирам дека седницата е завршена, рече собранискиот спикер Талат Џафери.

Во законодавниот дом беа присутни само пратеници од владејачкото мнозинство, но не и опозицијата која ја поднесе оваа иницијатива.

Џафери претходно најави дека има должност да ја свика седницата до полноќ без разлика дали има или нема кворум во Собранието.

Опозициските пратеници вечерва се повлекоа од Собранието, откако цел ден во законодавниот дом не се појави пратеникот од редовите на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, кој на „Фејсбук“ порача дека е на безбедно. Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски изјави дека опозициската коалиција бара брзи предвремени избори.

Според координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски владејачкото мнозинство е стабилно, кој најави негово зголемување.

Во текот на целиот ден во Собранието владееше тензична и напната атмосфера околу кворумот и мнозинството коешто го најавуваа опозициските пратеници.

Тензична и напната атмосфера во Собранието – Мицкоски го нема најавеното мнозинство

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.