И Петар Богојески демантираше преку Фејсбук дека има бугарски пасош и го обвини министерот Красимир Каракачанов дека не може да ги напушти болшевичките методи.
„Петар Богопјески нема бугарски пасош! Краси другарчо,знам дека ти лично не си во можност да го напуштиш болшевичкото поведение и божидаризмот чиј перјаник си, но веќе ја преминуваш црвената линија!
>Со овие удбашки методи на црнење на моето име ништо нема да постигнеш, напротив уште повеќе ме мотивираш да ве направам турска туршија или да ве растурам како бугарска скупштина! Со лага не бидуваш ага!
Прво започна со лаги дека сум бил твој кадар во Македонија и дека ме финансираш… потоа продолжи со лаги дека сме се познавале многу одамна и дека си ме школувал во Бугарија и си ми давал стипендија… па повторно лаги за средби со тебе на Пироска 5 и мој престој во некои твои апартаменти… па лаги дека имам пасош од 2002 година… па лаги за пасош на Искар… денес лаги дека имам пасош на Обориште… до кога и до каде со вакво поведение бре другарчо Краси?!?
Дај еднаш договорете се бугарските болшевици помеѓу себе, кои лаги ќе ги ширите за мене, вака ептен е непријатно да бидете цело време фаќани во лага! Целата пропаганда во Македонија ви е базирана на лаги, на фалсификувани документи, фалсификувани докази, затоа и ништо не ви поминува! И нема да ви помине!
Сега доколку потврдиш дека сум јас, тој кој си го објавил со име и презиме како моето, ти останува само еден избор:
1. Или ќе ми дадеш пасош по брза постапка (секако без пари, рушвет не ти давам);
2. Или ќе треба на суд да ги докажеш сите лаги и клевете изречени за мене;
