Бидејќи ниту еден од кандидатите не освои двотретинско мнозинство, Италија и по третиот обид останува без претседател.
Гласањето ќе продолжи подоцна во текот на денот со четврти круг гласање, кога за изборот за нов шеф на државата ќе биде потребно просто мнозинство.
Парламентарците од партиите на левиот центар го поддржуваат поранешниот премиер Романо Проди, на чија кандидатура остро се противат партиите на десниот центар.
Сегашниот претседател Џорџо Наполитано својата функција ја завршува на 15 мај.