Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И покрај блокадата од Бугарија, Владата децидна: За македонскиот идентитет и јазик не треба да се разговараа

0
By Нова ТВ on November 6, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонскиот идентитет и македонскиот јазик се факт и за тоа не треба да се разговара, брифираат од македонската Влада, и по блокадата на Бугарија за усвојување на преговарачката рамка за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија. Оттаму сметаат дека не е ништо изгубено, а засилената комуникација во идниот период ја гледаат како начин за да се помине и низ оваа препрека.

-Денеска на состанок на КОРЕПЕР (постојаните претставници/амбасадори на земјите членки на ЕУ), кој беше воден од германскиот амбасадор, не беше постигната согласност за усвојување на преговарачката рамка за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, поради тоа што претставникот на Бугарија демонстирал задршка, односно одбил да даде поддршка.Разочарани сме од одлуката на Република Бугарија да не го поддржи усвојувањето на Рамката за преговори за Северна Македонија, што не е во согласност со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017, брифираат од владата и додаваат дека остануваат посветени на Договорот уверени, како што велат, дека тој претставува рамка за менаџирање на билатералните прашања.

-Ние остануваме посветени на Договорот и уверени сме дека тој претставува одлична рамка за менаџирање на билатералните прашања и нуди механизми за надминување на проблемите. Во таа насока подготвени сме да дадеме појаснувања за да ги отстраниме загриженостите што се појавија во Република Бугарија.

-Правото на нашето самоопределување е наше неприкосновено право. Македонскиот идентитет и македонскиот јазик се факт и за тоа не треба да се разговара, бидејќи нашиот идентитет не предизвикува никакви претензии кон никого, ниту сега, ниту во иднина.

-Веруваме дека со засилена комуникација и дополнителен ангажман постојат можности за излезни решенија за да имаме успех за сите нас, за македонската интеграција, за Република Бугарија, за регионот и за Европската Унија. Во спротивно ќе имаме само споделен неуспех со што сериозно ќе биде доведено во прашање проширувањето на ЕУ како нејзин геостратешки интерес.

-Благодарни сме за силниот ангажман на германското претседателство и на силната поддршка од сите земји членки овој процес да заврши со успех и во интерес на вредностите на кои почива Европската Унија.

Северна Македонија нема да отстапи од остварувањето на нашата стратешка цел, споделена и прифатена со Европската Унија, да ги отпочне преговорите за членство и продолжува да биде активен учесник во разговорите коишто продолжуваат наредните денови, велат од Владата.

Деновиве ќе има средби на КОРЕПЕР, како и состанокот на ГАК (General Affairs Council, средба на министрите за надворешни работи или министри за ЕУ на земјите членки) и состанокот на Европскиот Совет и ние уште еднаш ќе ги предочиме јасно нашите аргументи со цел да ги афирмираме можностите да се надмине оваа ситуација. Постои силна определба и фокусираност од различни страни со цел постигнување на заеднички европски успех, брифираат од Владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.