Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И руските дипломати го напуштаат Киев, ќе успеат ли Бајден и Макрон да спречат инвазија на Украина?

0
By НОВА ТВ Mitreska on February 12, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да имаат нов телефонски разговор, додека стравувањата дека Русија може да ја нападне Украина стануваат се поконкретни. Според руските медиуми денеска се очекува Путин да има разговор и со францускиот претседател Емануел Макрон.

САД вчера предупредија дека таквиот напад би можел да се случи во следните 10 дена, а западните влади ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина.

Вработените во руската дипломатска мисија почнаа да ја напуштаат Украина, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на неименуван, добро информиран, извор од Киев.

Откако американскиот претседател синоќа одржа конференциска врска со неколку светски лидери, неговиот советник за национална безбедност Џејк Саливан на новинарите им соопшти дека новата загриженост е дека нападот, з акој долго се стравуваше, може да почне и пред завршувањето на Зимските олимписки игри на 20 февруари.

– Најбрзиот начин да се стави крај на ова ќе биде Русија да ги деескалира своите сили, рече тој.

И Русија и САД тврдат дека другата страна го побарала телефонскиот разговор.

-Навистина, американската страна побара разговор со претседателот Путин, а разговорот меѓу двајцата претседатели треба да се одржи во вечерните часови, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков додаде дека „американската страна пред барањето, испратила и писмо“.

Тој, исто така, кажа дека Путин за денеска очекува и разговор со францускиот претседател Емануел Макрон.

Американски официјален претставник, пак, кажа дека телефонскиот разговор меѓу претседателите Русија го предложила за в понеделник.

-Контра-предлогот на Белата куќа беше разговорот да се одржи  в сабота, што тие го прифатија, рече претставникот

Според изјави на украински граѓани, руските дипломати и конзуларни службеници во Украина почнале да заминуваат за Русија, а за тоа сведочеле тешкотиите што настанувале при закажување термини во конзулатите и амбасадата.

Според соговорникот, во екот на официјално објавената евакуација од некои западни земји, ваквата постапка укажува на тоа дека и Москва одлучила да тргне по истиот пат.

Неколку западни земји ги повикаа своите граѓани да ја напуштат Украина откако односите меѓу Русија и Западот достигнаа највисоко ниво на тензија од Студената војна, поради ситуацијата околу Украина. Западот тврди дека Русија подготвува инвазија на Украина, додека Москва ги отфрла ваквите обвинувања и официјално побара гаранции дека НАТО нема да се прошири понатаму на исток.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.