Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И Саво Климовски не го мина комисискиот филтер за уставен судија

0
By Sashko on September 12, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Членовите на собраниска Комисија за прашања на избори и именувања на денешната седница не дадоа поддршка за универзитетскиот професор Саво Климовски да биде избран за уставен судија, како предлог на опозицијата. Комисиската расправа ќе продолжи по едночасовната пауза, кога треба да биде разгледана биографијата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен за уставен судија од страна на владејачките партии.

Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека кандидатите за уставни судии предложени од владејачките партии не ги исполнуваат условите и не се соодветни за да бидат избрани за оваа функција. Тие, исто така, укажаа дека кандидатите од опозициските партии се попрофесионални и покомпетентни кадри од кандидатите предложени од власта. Посочија дека ниту еден од кандидатите на владејчкото мнозинство не го заслужуваат столчето во Уставен суд.

Ели Панова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека за пратениците од власта не се битни ниту имињата, ниту биографиите, ниту минатиот труд на кандидатите, туку битно им е тие да бидат корумпирани, подмитливи, да бидат неправични.

„Сѐ додека немаме нов закон за Уставен суд, ќе велиме дека кандидатите таму не заслужуваат да бидат уставни судии и во исто време ќе се срамиме како што ќе се срамите вие од  кандидатурите на луѓето кои ги наградувате да бидат уставни судии“, рече Панова.

Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер.

Комисискиот филтер не го поминаа кандидатите Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска. Досега е одбиена и кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска, која беше предложена од опозицијата.

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.