Членот на ДИК од ДПА, Бедредин Ибраими изјави дека вчерашната одлука за прифаќање на двата приговори од ВМРО – ДПМНЕ за гласањето во Струга, била донесени незаконски.
Затоа тој побара продецурално да се вратат на дневен ред.
Според Ибраими со донесувањето на вакви одлуки се манифестира етничката поделеност на ДИК и се докажува кој е поголем патриот.
„Можев да констатирам дека овластениот претставик на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Илиовски беше засрамен“, изјави Ибраими.
На ова се надоврза потпретседателот на ДИК, Субхи Јакупи од ДУИ, кој изјави дека членовите на ДИК не се по должност избрани да манифетираме партиотизам. „Овде сме поставени правно да одлучуваме“, вели Јакупи.
Тој додаде дека доколку се продолжи да се одлучива без аргументација ќе ја напушти седницата на ДИК.
Седницата на ДИК е во тек па следува челновите да се изјаснат дали го прифаќаат или не предлогот на Ибраими.
Доцна синоќа ДИК разгледа 4 приговори, од кои 2 се одбиени, а 2 усвоени. Приговорите се поднесени од ВМРО- ДПМНЕ во врска со изборни нерегуларности во вториот круг од гласањето во Струга.
ВМРО- ДПМНЕ за нерегуларности во вториот круг локални избори во Струга поднесе 17 приговори.
Откако ќе бидат разгледани преостанатите 13 приговори за Струга, ДИК треба да ги разгледа и 252-та приговори на СДСМ за гласањето во 15 општини.