Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ибраимовски:Ромите да го кренат гласот против дискриминација

0
By Нова ТВ on April 8, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еднакво учество на Ромите во македонското општество побара пратеникот и претседател ПЦЕР, Самка Ибраимовски.

Тој потенцира дека Ромите во Македонија живеат полошо од кога и да досега. Дури 85 проценти од нив се невработени и живеат во сиромаштија на работ на секоја нормална живеачка.

– Моите Роми ги враќаат од граници како да живеат во кафез од којшто излегување нема. Ромите во Македонија живеат во робовладетелско општество, а не во нормална демократска држава. Им се укинува социјалната помош без никаква причина, се бришат од евиденција на Агенцијата за вработување, а државата ги третира како граѓани од втор ред со дискриминација на секој чекор – изјави Ибраимовски.

Од тие причини ПЦЕР како најстара ромска политичка партија, го крева гласот преку медиумите за подобри услови за Ромите во сите сегменти од нашето секојдневно живеење..

– Тие што денес планираат да прават скапи прослави со скари и музика се „злосторници“ на сопствениот народ. Денес е денот кога треба секој Ром треба да го крене својот глас против диктатурата и дискриминацијата порача Ибраимовски.

Европската комисија денеска ги повика државите од ЕУ да вложат дополнителни напори за здружување, против дискриминација на Ромската популација. Во заедничка изјава на еврокомесарите за правда, Вивиан Рединг, и за социјални прашања, Ласло Андор, се вели дека подобрувањето на положбата на Ромите е еден од главните предизвици на ЕУ..

Комесарите соопштуваат дека во следните два месеца ЕК ќе го оцени напредокот врз националните програми за ромска интеграција.

Најголема забелешка во соопштението на ЕК е ставена на Бугарија и Романија каде секој четврти или петти новодојденец на пазарот на трудот е Ром.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
ФОКУС

Закажано првото рочиште за трагедијата во Кочани – судскиот маратон почнува на 19. ноемнври

ВЕСТИ October 16, 2025

Главната расправа за кривично-правниот предмет К.бр. 1872/25, поврзан со страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во…

Денеска почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани, продолжува пријавувањето

October 16, 2025

Кијив: Големи руски напади ја прекинаа струјата во украинскиот главен град и во повеќе други региони на земјата

October 15, 2025

Фон дер Лајен: Целосно стоиме зад вас, топката е во вашиот двор

October 15, 2025
ТИКЕР

Авионот на министерот за одбрана на САД морал принудно да слета – пукнало ветробранското стакло

October 15, 2025

Владата на Греција ги „затегна“ цените во маркетите на 2.180 производи

October 15, 2025

Инстаграм воведува построги мерки за заштита за лица под 18 години

October 14, 2025

Војската ја презеде власта во Мадагаскар, претседателот избега од земјата

October 14, 2025

Анкета на ЦРТА: Студентската листа има поддршка од 12 отсто повеќе граѓани отколку онаа на Вучиќ

October 14, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.