Со половона час задоцнување започна итната седница ДИК која се орджува на барање од Општинската изборна комисјиа Куманово за претходна пријава за одземен гласачки материјал од три избирачки места од Куманово.
До ДИК пристигнале два дописи од ОИК Куманово и три наредби за увид и одземање на избирачки список од истражниот судија.
На почетокот на седницата претседателот на ДИК, Борис Кондарко, констатираше дека ДИК нема право да се меша во работата на ниту еден државен орган, со тоа и на сидските органи.
На тоа реплицираше членот на ДИК, Бедредин Ибраими од ДПА, кој рече дека ова е незаконит упад на истражниот судија во изборниот процес и при тоа се врши проитисок при решавање на приговорите.
Ибраими побара преиспитување на работата на овие судии од страна на државниот Судски совет.
Станува збор за избирачките места 1036, 1040 и 1063, на кои според сомневањата на истражниот судија имало злоупотреба на избирачкото право од страна на девет лица.
Во меѓувреме, тече рокот за разгледување на приговорите за вториот круг од локалните избори. До истекот на законскиот рок, синоќа до 19 часот, до ДИК се поднесени над 200 приговори. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доставиле по повеќе од 100, ДПА 4, а ДУИ и НДП по 16 приговори.
Седницата е во тек следуваат детали.