Идентификувани се шестмината загинати во тешката сообраќајка во која се судрија автомобил „БМВ“ со скопски регистарски таблички и автомобил „Пасат“ со кумановски регистарски таблички, попладнево на 7 километри после Куманово во правец кон Крива Паланка, кај местото Смиљчинци, потврди МВР.
Со автомобилот „БМВ“ кој бил управуван од Љ.П биле и неговото семејство четиригодишниот Ј.Л. шест годишниот П.Л и сопругата . Двете други жртви во „пасатот“ со кумановски регистарски таблички се возачот Л.Ј, 50 годишен и совозачот В.Б,. 59 годишен. Возачот на „пасатот“ бил полициски службеник од Куманово.
Екипи на полицијата сè уште вршат увид на местото на несреќата и ги утврдуваат причините како дошло до судирот.