Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Идната недела средба Османи – Захариева, Германија не отстапува од старт на преговорите со С Македонија

0
By Нова ТВ on February 16, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија идната недела треба да се состанат со цел да го договорат терминот на одржување на втората меѓувладина конференција на која треба да биде усвоен Акцискиот план, најави вчера премиерот Зоран Заев.

Акцискиот план, односно секторскиот план за соработка со Бугарија е дефиниран од двете земји со размена на идеите меѓу двете земји. Заев изрази уверување дека  негово усвојување и имплеметација ќе помогне во создавањето на севкупниот амбиент за решавањето на другите отворени прашања со Софија.

– Очекувам веројатно следната недела или многу брзо да се оствари средбата помеѓу нашиот министер Османи и министерката Захариева за да ја договорат првата меѓувладина конференција, заради тоа што овде немаме ништо спорно согласно Акцискиот план, односно секторскиот план за соработка кој што е дефиниран од нашите идеи и од бугарските кои што стигнаа до нас. Очекувам на таа средба да се дефинира терминот за втората Меѓувладината конференција, првата се одржа 2019, а потоа да бидат усвоени на Влада и да влеземе во ефикасно, брзо имплементирање на сите овие определби, затоа што се добри за македонскиот народ, за бугарскиот народ, за Северна Макединија и за Бугарија и ќе бидат од помош во создавањето на севкупниот амбиент за решавањето на другите отворени прашања кои што верувам дека можеме да ги решиме час поскоро, рече Заев вчера одговарајќи на новинарско прашање на прес – конференција во Владата по потпишувањето на Договор за грант од германската КВФ банка наменет за обновливи извори на енергија.

Премиерот појасни дека Акцискиот план е дефиниран на секторско ниво, посебна е работата на Историско-образовната комисија, а посебни се политичките прашања за кои што разговараме со источниот сосед. Акцискиот, односно секторскиот план, треба да биде утврден на меѓувладината конференција предводена од Османи и Захариева. Штом ќе биде утврден, како што нагласи, ќе дојде како записник на владите на двете земји да го усвојат и веднаш ќе се стратува со негова операционализација.

Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн, пак, истакна дека Германија и натаму останува посветена на отворање на пристапните преговори со Северна Македонија. Таа рече дека се водат разговори на високо ниво помеѓу германската Влада и сите вклучени страни во тесна соработка со португалското претседателство. 

– Започнувањето на пристапните преговори меѓу ЕУ и Северна Македонија  беше во секторот на проширувањето една од нашите најважни цели во претседавањето на Германија. Ние можевме да дојдеме до спогодба со 26 земји, но 27 земји не дадоа согласност. Остануваме и понатаму на прашањето. Остануваат разговорите кои се водат на високо ниво помеѓу германската Влада и сите вклучени страни. Работиме секако тесно заедно со португалското претседателство, рече германската амбасадорка Холштајн на новинарско прашање на заедничка прес-конференција во Владата со премиерот Заев по потпишувањето на Договор за грант од германската КВФ банка наменет за обновливи извори на енергија.

Таа ги охрабри двете земји да работаат на заедничка агенда и да покажат соработка како вистински потег во правец на постигнување на консензус меѓу 27-те земји членки за отворање на пристапните преговори

– Ги охрабруваме Северна Македонија и Бугарија во иднина заеднички да работат на можно, конкретно, широко позитивно поставување на агенда, која што за двете земји ќе покаже дека работат заеднички, дека практично оваа соработка ќе биде најдобриот начин да се направи чекор напред и да дојдеме до согласност на сите 27 земји членки за да можеме да ја одржиме првата конференција за пристапување. Јас сум убедена дека тоа ќе успее, како дипломат сум оптимист по природа, но исто така сум убедена дека ќе успее. Сите знаеме дека отворањето на првата конференција е многу повеќе од заслужено и е крајно време да се случи, рече германската амбасадорка Холштајн.

Акцискиот план е резултат на претходно разменетите идеи меѓу Скопје и Софија и содржи проекти од областа на образованието, културата, инфраструктурата, спортот со цел враќање на довербата меѓу двете земји и побрзо спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

За европерспективата на Северна Македонија и за билатералните релации на Скопје со Софија, но и со Белград, и  вчера се огласи и бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

Таа во интервју за софиски „24 часа“, кажа дека „Софија секогаш го поддржувала Скопје во најтешките моменти, и дека ќе продолжи и сега тоа да го прави“. Смета дека заострената реторика и емоциите треба смират, а на работите да се гледа прагматично.

– Не сакав да се водат толку многу преговори преку медиумите, тоа доведе до тешка реторика, бидејќи после е тешко да се одречат веќе кажаните зборови. Разбирам дека честопати се зборува за сопствената публика, но не е во ред во 21 век да победува на избори со кампања, против која и да било од твоите соседни земји. Не може да се продолжи вака, вели Захариева.

Според Захариева, сепак, не е тајна дека Белград има силно влијание во Скопје, и дека сигурно има тенденција да се приближи српскиот јазик, српскиот бизнис и институциите. Тренд, што според неа, не запира во последните 30 години.

Целта на Бугарија, вели Захариева, не е да ги расипе пријателските односи меѓу Скопје и Белград.

– Нека бидат пријатели. Ние само сакаме да имаат пријателски однос и со нас. Ајде сите да бидеме пријатели. Да бидеме поврзани, да градиме заедно. Не може да немаме железничка линија со Република Северна Македонија. Не може да ставаат административни бариери за бугарските компании. Обидот да се претстави Бугарија како историски реваншист на 19 век е крајно неприфатлив, бидејќи нашите проблеми се реални. Најважно е да се смират емоциите и да гледаме прагматично, изјави Захариева.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

Комеморативни собири низ Србија – Единаесет месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад

October 1, 2025

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.