Синот на Вилијам и Кејт научи да оди. Кралското семејство на Велика Британија објави пред неколку дена слики на кои се гледа како малиот Џорџ стои сам и прави неколку чекори.
На 22 јули идниот британски крал ќе наполни една година. Во оваа измината година Џорџ малку се појавуваше во медиумите и тоа за време на неговото раѓање и за време на крштевката.
Овој пат неговите родители оцениле дека треба да се покажат неговите први чекори и за таа прилика е повикан фотограф кој фотографирал на изложбата за пеперутки “Sensational butterflies exhibition” каде што Кејт и Вилијам решиле да го однесат синот.