НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ифигенија

0
By Нова ТВ on December 31, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Беса Арифи, Вонреден професор на Универзитетот на Југо-Источна Европа

Годината 2018 ќе биде запаметена во историјата на РМ како пресвртна година за нејзината иднина. Договорот од Преспа потпишан на 12 Јуни ќе добие значајно место меѓу клучните историски документи битни за формирањето и напредокот на оваа држава. Потребна беше голема решителност, упорност и лидерство да се постигне тој договор кој беше силно поздравен од нашите меѓународни стратешки партнери и од чие спроведување ни зависи иднината на евро-атлантските интеграциски процеси.

Спроведувањето на овој договор не е лесна работа. Имавме референдум, кој исто-така ќе биде запаметен како заради резултатот така и зарада одзивот. Имено, на тој референдум повеќе од 90% на граѓаните кои гласаа се изјаснија за интегрирање во НАТО и ЕУ преку прифаќање на Договорот од Преспа. Одзивот на тој референдум достигна 37%. Тој референдум ни ја објасни уште еднаш реалноста, дека во оваа земја има нешто повеќе од 600.000 граѓани кои се за промени и вистински се борат за интеграција во НАТО и ЕУ, слична бројка на граѓани кои две години порано гласаа за промена на власта на Груевски.

После референдумот се отвори и процесот на уставните измени а со цел спроведување на Договорот од Преспа. Се постигна двотретинското мнозинство од 80 пратеници кои гласаа за отворање на тој процес. И тука започна уште еден процес кој исто-така ќе биде запаметен во историјата на оваа земја. Тој процес некои го викаат „помирување“ меѓутоа, за многу други тоа е погрешно име. Тој процес на оневозможување на носењето на одговорност во име на постигнување на политички дговор од кој зависи конечното спроведување на Договорот од Преспа го остави најгорчливиот спомен од оваа година.

2018 година ќе се памети како време на победа во некои навистина битни политички битки. Меѓутоа, истата година ќе се памети од нас, љубителите на правна држава, како година на вистински дебакл на владеењето на правото. Ова го велам заради три причини:

Прво, 2018 ќе остане во сеќавање како година кога Груевски го изврши своето спектакуарно бегство. Дали беше пуштен да избега, од кого беше помогнат и како всушност се случи тоа спектакуларно бегство изгледа нема никогаш да дознаеме. Впрочем, за овој голем дебакл на правната држава сеуште нема официјална информација од надлежните државни органи. Овој деликатен процес тие го „прескокнаа“ надфрлувајќи ја одговорноста меѓу себе, и впрочем никој не се почуствува одговорорен за тоа што се случи. Ќе биде запаметена оваа година заради статусите на Груевски на социлајните мрежи, со кои тој буквално му се изнасмеа на лице на и така кревката правда во оваа држава.

Второ, 2018 година ќе се памети и по Законот за амнестија во врска со случувањата од 27 Април 2017 година. Тоа што не можеше да се замисли дека може да се прости, заради политички причини беше проголтнато и „простено ама не заборавео“. Нема поголем дебакл за една правна држава кога заради политички причини треба да се амнестираат лица кои за малку ќе убиваа пратеници среде законодавниот дом, во процес на спроведување на словото на Уставот кој предвидува мирен трансфер на власта после слободни и од сите признати избори. 2018 година е година кога се воведе нов преседан во правото на оваа земја, преседан кој одредува дека доколку организирана толпа луѓе која не е задоволна со резултатот на изборите и со формирањето на ново парламентарно мнозинство, може слободно да упадне во собранието и да спречи конституирање на нов собраниски состав и да биде сигурно дека сето тоа ќе биде простено. И пратениците може да бидат сигурни дека доколку ги отвараат вратите за таквата толпа да влегува во собрание и да скрши неколку глави, тоа ќе им биде простено, особено кога истите со своето гласање може да отворат некои други врати, како на пример вратите на НАТО. Ете, за таков преседан ќе се запамети 2018 година во Македонија.

Трето, 2018 година ќе биде истотака запаметена по тоа дека било многу добро за правната држава Мијалков и другите да бидат пуштени од притвор. Многу добро било судот експресно и неуморно да работи и преку викенд со цел фамилијата да слави новогодишни празници во семејна атмосфера. На крајот на денот, славењето е побитно од правната држава и побитно дури од тоа кој кога може да побегне од земјата. Убаво кажа некој дека во Македонија гонењето на криминалот личи на спортски риболов, ја фаќаш рибата, ја бакнуваш и пак ја пушташ во вода.

Повеќе од јасен е фактот што правдата оваа година беше жртвувана во алтарот на политиката. Агамемнон ја жртвуваше својата ќерка Ифигенија, со цел да добие поволен ветер за своите бродови да запловат кон Троја. Агаменнон беше во победничката страна и се врати дома како херој, меѓутоа неговата жртва не вредеше многу, бидејќи тој брзо загина од рацете на својата сопруга, Клитемнестра, која никогаш не му прости за тоа што во име на воени и политички цели тој го жртвуваше своето најмило.

2019 година ќе покаже дали вредеше жртвувањето на правдата во Македонија во име на политиката. Во некој голем пресврт во врска со правната држава во оваа земја веќе никој не верувува: повеќе може да се верува дека постои Дедо мраз отколку дека Македонија некогаш навистина ќе стане правна држава. Останува само да се види, дали вредеше жртвувањето на тоа што на многумина од нас ни беше најмило, или пак платената цена беше едноставно превискока.

Беса Арифи колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.