Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Игра и спас“ на фестивал во Нови Сад

0
By Нова ТВ on December 12, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


На 13 декември македонскиот кусометражен игран филм „Игра и спас“ во режија на Горан Тренчовски, како единствен селектиран од нашава земја, ќе се прикаже во Нови Сад, на интернационалниот фестивал „Shortz“, во тематската селекција “Мала продавница на социјални стравувања“.

Филмот беше поддржан од Филмскиот фонд на Македонија, a е во продукција на „Револушн“ од Скопје и во изминативе месеци е прикажуван на десетина фестивал од регионов и во земјава.

Дејствието всушност се случува пред и по последните немири на векот, во филмска иконографија на еден фикционален свет составен од интимистички и хиперреални секвенци од животот на еден младич од периферијата.

Глигор, навраќајќи се на драматичните сцени од своето минато, кога славата и возбудата биле едиствената поткрепа за верба во времето што наближува – од пукотливите игри за стрeлање птици, од нежните мигови со Марија, од туѓиот подбив и од бесмислените херојства – конечно на крајот излегува од тој апсурден обрач, како нов, пречистен и преобразен човек, посветен кон родното огниште и Божјото спасение.

„Игра и спас“ трае 15 минути и негов лајтмотив е подигрувањето, вечната игра помеѓу животот и смртта раскажана низ она што е помеѓу.

Главните улоги ги толкуваат младите Коста Ангов, надежен актер кој дипломирал актерство во Бугарија и фотогеничната Мартина Тапарчевска која има завршено актерство на ФДУ во Скопје. Покрај нив, во споредните улоги настапуваат актерите Салаетин Билал (Таткото), Зора Ѓоргиева (Мајката) и Дине Дрваров (Соседот). Во филмот учествуваат и повеќе статисти и натуршчици. Филмот е снимен минатата година на автентични локации на Суви Лаки, Преведена и Хамзали – сите во Источна Македонија, недалеку од Струмица, при што за првпат се откриваат некои импресивни природни филмски екстериери.

Продуцент е Дејан Милошевски, сценарист е писателот Васе Манчев, директор на фотографија Слаѓан Милошевски, монтажер Аристид Филактов, тон мајстор Виктор Иванов, костимите се на Томе Филев и Ѓорги К’рм’зов а оригиналната музика ја компонираше Драган Даутовски.

За неполни осум месеци, филмот е прикажан на десетина фестивали и манифестации во Македонија и странство.

Филмот имаше премиера на 6 април, како единствен македонски филм кој беше селектиран на јубилејниот 60-ти престижен Белградски фестивал кој е најстариот балкански фестивал на краток филм и еден од најетаблираните во светот. Исто така, тој беше прикажан на фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, како и на фестивалите „Гледам Бог“ во Москва и „Other Movie“ во Лугано. За филмот веќе се заинтересирани повеќе странски дистрибутери, така што тој следниот период ќе се прикажува на повеќе дестинации во Европа и САД.
Карактеристично за „Игра и спас“ е тоа што тој е еден од ретките кој има своја побарувачка од страна на публиката низ повеќе градови низ Македонија (Крива Паланка – на манифестацијата „Град на културата“, Штип – на „УГД-Сцена“, Битола – на фестивалот „Браќа Манаки“, Струмица – на „Струмица Опен Фест“), што е реткост кога станува збор за кратката филмска форма.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.