Со СДСМ нема да има нова Влада, туку може да има само продлабочување на економската, енергетската и на политичката кризата, сметаат од ВМРО ДПМНЕ по Извршниот Комитет на оваа партија. Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека единствениот излез од кризата се одржување брзи предвремени парламентарни избори.
– Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ расправаше и за партиски прашања, при што го утврди датумот на престојниот редовен конгрес, кој ќе се одржи на 12 декември во Скопје, изјави членот на Извршниот Комитет на ВМРО – ДПМНЕ, Драган Ковачки.
Во ВМРО-ДПМНЕ очекуваат партискиот лидер Христијан Мицкоски да биде кандидат за претседател на партијата на конгресот, согласно резултатите на последните локални избори. На конгресот, Ковачки рече дека меѓу другото ќе се разговара и за идното делување на политиките на ВМРО – ДПМНЕ во насока на промени во општеството.