Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иконому: Закажани над 28.000 термини за вакцинација на деца од пет до 11 години

0
By Ivana on December 13, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од петокот до денеска во Грција се закажани над 28.000 термини за вакцинација на деца од пет до 11 години, соопшти портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, а паралелно, уште еднаш повтори дека не се разгледува можноста за воведување нови мерки во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Вакцинацијата на децата ќе започне во среда, денеска се очекува во Грција да пристигнат специјалните вакцини на Фајзер, кои се помала доза од вообичаената и се наменети за конкретната група од пет до 11 години, а пријавувањето започна во петокот.

За процесот на имунизација во земјата, Иконому рече дека е „позитивен фактот што од соопштувањето на задолжителната вакцинација на лицата над 60 години и намалувањето на периодот помеѓу втората и третата доза од шест на три месеци, се забележува континуиран зголемен интерес, како за првата, така и за третата доза“, а веќе има 100.000 вакцинации или термини за вакцинација со прва доза.

Повикувајќи се на податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, Иконому објасни дека не е регистриран смртен случај на лице заразено 14 дена по примената трета доза.

Во однос на епидемиолошката ситуација во земјата рече дека постепеното зголемување на имунизациската покриеност резултира со подобрување на состојбата, меѓутоа истакна дека продолжува притисокот врз здравствениот систем и порача дека во пресрет на празниците, потребно е почитување на мерките и вакцинација.

– Пред сѐ и во секој случај неопходна е целосна вакцинација, како и третата доза за нас кои пред најмалку три месеци ја завршивме вакцинацијата. Како што имам потенцирано, божиќниот период е многу важен од религиозни, економски и социјални причини, истакна Иконому.

За евентуално проширување на задолжителната вакцинација и на лица под 60 години или за можноста да се воведат нови мерки, портпаролот на грчката Влада рече дека „во актуелната фаза не разгледуваме нови мерки, без разлика дали се однесуваат на задолжителната вакцинација или други видови ограничувања“. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.