Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илиевски најави гасификација на болницата и уредени површини во Куманово

0
By Ivana on October 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски на денешната прес-конференција најави гасификација на болницата и нови уредени површини. Во програмата „Најдоброто за Куманово“, еден од клучните проекти е гасификација на целиот град. Илиевски најави дека општата болница, која опслужува 200.000 пациенти од регионот, веднаш по 31 октомври ќе биде гасифицирана.

– Општата болница се грее на мазут и фосилни горива и еден од најголемите загадувачи на Куманово. Во 2017-та година, менаџментот на болницата подготви проект за гасификација и го достави до Министерството за здравство. Проектите за изградба на гасна котлара и надворешен приклучок се комплетно изработени во октомври 2017-та. Изведбата на приклучок за болницата беше преземена обврска од страна на ЈП „Куманово-Гас“, односно општина Куманово. Ние како СДСМ се обврзуваме ова итно да го спроведеме, да не се чека четири години да добиеме еколошки алтернативи за греење и помали трошоци на институциите, рече Илиевски.

Тој најави дека со алтерантивни извори на финансирање планираат да го гасифицираат градот. Потсети и за проектот за целосна гасификација на домаќинствата во Куманово и индустриските зони, со што смета дека ќе се обезбеди поевтин енергент, порентабилни институции, претпријатија и правни субјекти и ќе се намали загадувањето.

Илиевски кажа дека со овој проект ќе се заштеди енергија и средства кои ќе се пренасочат за младински политики и на овој начин ќе се придонесе младите да останат во градот.

– Време е урбанизацијата во Куманово да добие нова димензија, со воспоставени еколошки стандарди, рече Илиевски. Тој најави и планско просторно уредување на јавните површини на општинските и државните институции во Куманово.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.