Бордот на директори на Твитер ја одобри продажбата на компанијата на милијардерот Илон Маск за 44 милијарди долари, соопшти компанијата.
Со овој договор една од највлијателните социјални мрежи на светот во целост преминува под контрола на најбогатиот човек, според листата на Форбс.
Извршниот директор на Тесла и Спејс-икс стана еден од најголемите акционери. Маск, изминатите денови во повеќе наврати истакнуваше дека негова цел е да ја засили слободата на говорот на платформата и да го „отклучи“ исклучителниот потенцијал на Твитер, потсети Си-Ен-Ен.