Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Има разлика!

0
By Нова ТВ on April 18, 2015 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Кочо Андоновски, директор на ЛГБТИ Центар, Македонија

На деветнаестти април, се навршуваат точно десет години од моето прво јавно излегување како геј маж. Се случи тоа во емисијата „Чуму“ на „А1“ телевизија, во тоа време најгледаната телевизија во земјата. Требаше повеќе предуслови за да се случи еден таков “coming out “ или „излегување од плакар“.

Претходно, во септември 2004, се формираше Македонската асоцијација за слободна сексуална ориентација (МАССО). Се направи истражување заедно со Хелсиншкиот Комитет и Центарот за човекови права и разрешување на конфликти за идентификување на ЛГБТ популацијата во Македонија. Александар Чомовски, како новинар, храбро влезе во отворање на едно од најголемите табуа во општетството. Се направи вмрежување со ИЛГА Европа и други сродни организации од регионот и светот. Сите овие претпоставки доведоа до тоа прво кршење на табуто околу сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Реакциите беа бурни. Луѓе ми кажуваа дека многумина наместиле аларми, да „не заборават да го видат педерот, кој јавно ќе каже дека е тоа“. Тие можеби гледале во „педер“ секој ден, но не знаеле за тоа. Она што за мене беше шокантно е поддршката која ја добив. Особено од хетеросексуалците. Тоа, веројатно, тешко е да им се објасни на младите денес. Особено на овие кои израснаа во периодот од 2006та година, па наваму.

Да се разбереме, имаше и тогаш хомофобија. Целиот тој корпус на права допрва се отвораше. Но, денес, различно е воспоставен стремежот на општеството. Она што е различно е што, во меѓувреме, хомофобијата стана официјално/државно спонзориран политички став. Хомофобичниот говор и насилство станаа соодветно однесување и говор, што претходно не беше случај. Што би рекла владеачката партија – има разлика!

Имаше и негативни реакции. Имаше негативни реакции и од луѓе кои се припадници на ЛГБТИ заедницата. Особено оние кои беа конформирани и веќе имаа воспоставено систем на функционирање во такви услови на невидливост или непостоење. Она што ми паѓа на памет, преку што можам да ја објаснам таа ситуација е споредбата со онаа политика на армијата во САД, а која неодамна беше укината: don’t ask – don’t tell, или така наречен „двоен живот“. Рушењето на тој конформизам на луѓе кои се слеале во едно исклучувачко, затворено општество каде ЛГБТИ луѓето „не постојат“, секако дека предизвика негативни реакции.

Но се јавија и оние кои во таа целосна невидливост се чувствуваа изолирани и сами. Дури многумина беа жртви и на застрашувачка хомофобична тортура, и беа подготвени на сѐ за да го променат тоа. Така, луѓе кои беа избркани од дома, жртви на домашно и друго хомофобично насилство, без пристап до образование, без пристап до работа, здравствени услуги, социјално загрозени, на кои им требаше помош, беа среќни дека беше основана организација која ја направиле луѓе како нив, и можат да се поврзат.

Има разлика и во пристапот и начинот на добивање информации, потенцијалот да се овозможи едукативна, но и вмрежувачка активност, да стигне нашиот глас насекаде. Да допре до оние на кои тоа им е потребно или сакаат да се едуцираат. Медиумите во тоа време ни овозможуваа да се обраќаме на јавноста, да ја кажеме нашата страна на приказната, и секако дека имаше сензационализам во сето тоа. Сепак, разликата е во тоа што сега ние немаме пристап до меинстрим медиумите, односно токму тие бесрамно шират хомофобија и поттикнуваат насилство.

Последиците од таква активна хомофобична кампања, поддржана и промовирана од највисоки претставници на државни институции и партиите на власт се застрашувачки. После седум години од моето јавно појавување како бранител на правата на ЛГБТИ луѓето, за првпат бев нападнат пред почнувањето на Маршот за толеранција во 2012 година, на главниот плоштад во Скопје, пред полицијата која требаше да ја врши својата работа и да ме штити.

Доживеавме шест напади на ЛГБТИ Центарот за поддршка, од кои при два напади имаше повредени луѓе. Секојдневно доживуваме закани од најразличен вид на социјалните мрежи. Едноставно, општеството се затвори, стана насилно и како да бара начин да ги уништи или избрка сите кои не се по ќеф на овие кои владеат.

Кој можеше да помисли дека некој ќе се осуди да ја киднапира иднината на сопствената држава и сограѓани? Кој можеше да помисли дека место најдоброто, некој ќе работи на вадење на најлошото од нас? Кој можеше да помисли дека дното нема крај? Десет години не стоиме во место, туку одиме наназад.

Како се приближува 19ти април, сѐ повеќе размислувам за тоа дали денес, во вакви услови би го направил истото? Првично, одговорот е не! Го нема тој баланс на односите и тоа изгледа како да е премногу ризично. Но од друга страна, одговорот уште повеќе заради тој дисбаланс е ДА!

Би го направил тоа, а го прават тоа и многу храбри луѓе, токму денес. Токму денес е потребна видливоста за да се потиснува насилството. Само персонализацијата, личниот пример и приказни може да придонесат кон тоа. Само станувајќи свесни дека ЛГБТИ луѓето се нивните најблиски роднини, пријатели, соработници, луѓето можат да ги надминат предрасудите.

Тешко е некој да им ја продаде омразата против луѓе кои тие ги знаат цел свој живот и ги сакаат такви какви што се. Можеби, токму овој јубилеј може да поттикне некој да се отвори пред своите најблиски и да ја симне таа планина на лажење и двоен живот од своите плеќи засекогаш. Да се ослободи.

Нема поубаво чувство од тоа да си слободен и свој.

Teкстот на Кочо Андоновски е напишан за НОВА

Фото: Глобус Магазин

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

ВЕСТИ November 11, 2025

На само четири дена пред почетокот на судскиот процес, родителите на младите кои трагично ги…

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.