Костадин Костадинов: Две анализи од акредитирана лабораторија за хемиско-физичкиот состав на излезната вода од Фабриката за вода и една анализа од акредитирана лабораторија за присуство на бактерии покажаа дека водата за пиење во градскиот водовод во Струмица е исправна. Се чека уште Агенцијата за храна и ветеринарство –АХВ да издаде решение дека водата е исправна за пиење. Останува дополнително да се почека анализата од Институтот за јавно здравје и во однос на хемиско-физичкиот состав и во однос на микробилогијата за да може инпекторот од АХВ да донесе решение за конечно да може водата да се употребува за пиење.