НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Имаме итна потреба од придвижување на интеграцијата во ЕУ, тактизирањето со ветото е сериозен безбедносен ризик, вели Петровска

0
By Sashko on June 8, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постои итна потреба за придвижување на интеграцијата на Македонија и на Албанија во Европската Унија (ЕУ). Тактизирањето со ветото е сериозен безбедносен ризик за Балканот, оценија заменик-помошничката на секретарот за одбрана на САД, Лора Купер и министерката за одбрана, Славјанка Петровска во заедничкото интервју за „Гласот на Америка“, реализирано при посетата на македонската делегација на Вашингтон.

„Мислиме дека е неверојатно важно да се продолжи со дипломатските разговори за решавање на тоа прашање. Би го пофалила лидерството на Северна Македонија и начинот на кој му пристапи на тој предизвик. Мислам дека тоа што го видовме од Северна Македонија е дипломатско лидерство. Видовме лидери во Скопје како ги контактираат лидерите во Софија и видовме корисен дипломатски дијалог како резултат на тоа“, рече Купер.

Таа вели дека застојот во евроинтеграциите оди во корист на Москва, која „ќе настојува да ги влоши поделбите и да го попречи пристапот, без разлика дали тоа беше пред НАТО, што знаеме дека Русија се обиде да го спречи, и сега во ЕУ“.

Министерката Петровска, пак, смета дека предолгото тактизирање или одлагање на почетокот на преговорите, заради ветото кое го имаме од нашиот сосед, може да предизвика сериозен безбедносен проблем на Балканот, заради тоа што, на некој начин, веќе се чувствува фрустрација од предолгото чекање во овој процес и тоа е нешто што дополнително ја обесхрабрува и администрацијата и општеството во целина.

„Тоа тактизирање, особено во услови кои ги имаме сега на европско тло, а тоа е воената агресија врз Украина, остава простор за влијанија на трети држави кои, не секогаш, односно најчесто, не се добро наклонети кон состојбите. Поголема акција, поголема вклученост од сите страни ќе биде од бенефит за сите“, рече Петровска и изрази благодарност за континуираната и недвосмислена американска поддршка.

Во контекст на хибридните закани, Петровска порача дека е видливо нивно засилување, особено по почетокот на руската агресија врз Украина.

„Хибридните закани беа присутни во Северна Македонија и претходно, но со започнувањето на руската инвазија врз Украина и ставовите кои Владата ги има кон ова прашање, а тоа е јасна осуда и недвосмислена поддршка на Украина во оваа борба, тие се засилија кон институциите и се разбира кон одредени министри, политичари или, пак, јавни личности кои го изразуваат тој став“, истакна Петровска.

Министерката Петровска минатата недела во Вашингтон учествуваше на Стратешкиот дијалог меѓу двете земји, а оствари и низа средби во Стејт Департментот, во Пентагон и во Пенсилванија. За време на стратешкиот дијалог беше најавен американски грант од 40 милиони за модернизација на македонската Армија и за зголемување на заштитата од хибридни закани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.