Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИМЈ: Зборовите со навредлива содржина ќе бидат отстранети од платформата „makedonski.gov.mk“

0
By Нова ТВ on May 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Институтот за македонски јазик ја информираше Владата дека ги разбира реакциите на ромската заедница и дека зборовите со навредливо толкување ќе бидат отстранети од “Толковниот речник на македонскиот јазик“

По повод 5 мај – Ден на македонскиот јазик, Владата на Република Северна Македонија ја промовираше дигиталната платформа makedonski.gov.mk на која е поставен вкупниот фонд од преку 100.000 зборови од „Толковниот речник на македонскиот јазик“.

„Толковниот речник на македонскиот јазик“ е научен труд и авторско дело на научниците македонисти и линнгвисти од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ коишто се единствено стручни за оваа област и имаа и имаат и надлежност за содржината на речникот.

Од друга страна, Владата на Република Северна Македонија, согласно својата програма за унапредување на македонскиот јазик ја реализираше дигитализацијата на вкупниот број лексеми, односно зборови, со единствена цел да им го доближи и да го стави на бесплатно располагање речникот на сите граѓани и на академската јавност во земјата и во светот, за тој редовно да се ажурира, да расте и да се развива, да се дополнува и менува.

После објавувањето на дигиталниот Толковен речник, до Владата пристигнаа реакциии од претставници на ромската заедница во земјата во врска со зборовите кои се застапени во речникот, а за кои јавноста одамна има разбирање дека имаат навредливо и дискриминирачко толкување за ромската заедница.

Претставници на Владата на Северна Македонија и на Министерството за образование и наука веднаш стапија во контакт со редакцијата на „Толковниот речник на македонскиот јазик“ при што од стручниот тим на речникот во Институтот за македонски јазик веднаш беше покажано разбирање и информираа дека лингвистите постигнале согласност зборовите што ги предизвикаа овие реакции да бидат повлечени.

Од редакцијата на „Толковниот речник на македонскиот јазик“ од Институтот за македонски јазик уште информираа дека стручниот тим во наредниот период ќе изврши ревизија на лексемите во речникот и дека ќе следува процес низ кој зборовите во речникот ќе се толкуваат соодветно според современиот лингвистички и општествен контекст.

Овој пример на реакција на заедницата и потоа брза одлука за постапување од страна на надлежните во Институтот за македонски јазик ја покажува вредноста на јавната достапност на дигитализираниот речник. Низ овој пример сведочиме учество на граѓаните во унапредување на јазикот како жива материја и негово негување и од социо-лингвистички аспект согласно современите општествени текови и вредности.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
ФОКУС

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

ВЕСТИ November 14, 2025

Во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани,…

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025

Комисијата утврди и соопшти: На десет пациенти им е извршена непотребна операција на срце

November 14, 2025

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

November 13, 2025
ТИКЕР

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.