Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Индепендент“ до Камерон: Кој е британскиот придонес во бегалската криза

0
By Нова ТВ on September 3, 2015 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британски „Индепендент“ денеска на својата веб-страна објави текст во кој го критикува премиерот Дејвид Камерон за односон на Велика Британија кон бегалската криза. Откако фотографијата со починатото дете на турскиот брег, била испратена до кабинетот на Камерон, „Индепендент“ добил едноставен одговор „Правиме доволно“ (што се однесува на овој проблем).

Листа на политичари и невладини организации побарале од Камерон да преземе поголеми мерки за мигрантите кои ги напуштаат своите домови од земјите каде што има воени жаришта, по објавувањето на фотографијата од 3-годишниот Ајлан Курди.

Илјадници ја потпишале нивната петиција, во која се бара од британската влада да соработува со земјите од Европската унија за да воспостави прифатлива квота на бегалци.

Камерон сепак, како што пишува „Индепендент“, бил „задоволен“ од напорите на Британија.

– Овие фотографии се шокирачки. Поради ова сме и понатаму во првите борбени редови во меѓународниот одговор на хуманитарната криза во Сирија, и сме вториот најголем донатор на средства. Заедно со финансиската поддршка, обезбедивме засолниште за речиси 5.000 Сиријци откако почна кризата и се бориме против организираното криумчарење, против оние кои сакаат да заработат на сметка на мизеријата на другите, одговорил еден од портпаролите.

Британскиот медиум не добил одговор дали Камерон ги видел фотографиите.

Сепак редакцијата забележува дека иако во одговорот се вели „речиси 5.000 Сиријци добиле помош“, минатонеделните бројки покажувале дека само 216 бегалци биле влезени во владината програма за релокација.

„Индепендент“ соопштува дека одлучиле да ги објават фотографиите од починатото дете како би ја нагласиле очајната ситуација со која се соочуваат бегалците и потребата од помош.

Од почетокот на кризата, повеќе од 4 милиони Сиријци побегнале, а голем дел од нив завршиле во Турција, Либан, Јордан.

Германија неодамна се обврза да прифати од 800.000 до 1 милион.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.