Индија прогласи највисок степен на тревога пред денешниот налет на циклонот на источниот брег на земјата, по што евакуирани се повеќе стотици илјади луѓе, соопштуваат светските медиуми.
Циклонот „Фаилин“ си приближува со брзина од речиси 240 километри на час, што би претставувало ураган од петта категорија, односно најсилен во тоа подрачје изминатите 14 години.
Силниот ветар и поројните дождови веќе го зафатија регионот на сојузната држава Ориса и Андра Прадеш.
Овој циклон ќе ја погоди и сиромашната крајбрежна област, полн со колиби, кој беше тешко оштетен во 1999 година кога загинаа повеќе од 8.000 луѓе и речиси 445 000 добиток.
Владата на Ориса, каде што живеат речиси 40 милиони жители, побара сто-процентна евакуација.
Циклоните се вообичаена појава во Бенгалскиот залив на крајот од монсунските сезони, кога температурата во морето е највисока.
Природната катастрофа која го погоди Бангладеш во 1970 година, усмрти повеќе стотици илјади жители.