Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Индискиот суд ги замрзна сите сметки на Субрата Рој

0
By Сашка Цветковска on February 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судот во Индија на барање на индискиот регулатор СЕБИ денес ги замрзна сите сметки на тамошниот милијардер Субрата Рој, човекот кој на покана на македонската влада ќе инвестира во казина и хотели на охридското крајбрежје.

Замрзнати се сите сметки и целиот имот на фирмите од Сахара Груп, како и личните банкарски сметки и личниот имот на Субрата Рој и уште тројца од неговите директори.

Оваа акција доаѓа откако индискиот врховен суд пресуди во спорот помеѓу регулаторното тело и Сахара Груп и ја задолжи компанијата да врати 3 милијарди евра со 15 проценти камата на милиони измамени граѓани.

Судот ја задолжи компанијата на Субрата Рој да ги врати парите во рок од три месеци, а на нивно барање им биле дозволени и три рати за враќање на долгот.

Сахара Груп ја платила првата рата или само една петтина од долгот, но не и останатите две.

Индиските медиуми пишуваат дека пред десетина дена од Сахара Груп се пофалиле дека вратиле речиси се, но денешната одлука на судот го потврдила спротивното.

На сметките на фирмите засега нема ниту ниту третина од парите потребни за подмирување на долгот.

Изминатите денови во индиската јавност имаше реакции на адреса на пристрасноста на судот дека оваа одлука требала да дојде многу порано поради опасност Рој парите од фирмите да ги префрла на други фирми надвор од Индија.

Субрата Рој во Македонија дојде на покана на македонската влада. Најави инвестиција од 100 милиони евра.

Треба да гради хотели и казина на брегот на охридското езеро. Медиумите и тогаш пишуваа за проблемите со законот на контроверзниот милијардер во матичната земја.

Министерот за финансии, Зоран Ставревски, изјави дека не е загрижен поради спорот на Субрата Рој во Индија бидејќи тоа било работа на друга држава, а за него било важно да се реализира она што е договорено тука.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.