Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инфлација … „И то!“

0
By Zoran Ivanov on August 8, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 8, 2025 16:44

Најдобро ќе биде веднаш и сериозно да се активираат стандардните пазарно ориентирани антиинфлациски инструменти на фискалната и монетарната политика (тие се познати) со носење на мерки (исто така познати) за индиректна контрола на инфлацијата. Тоа не е лесно и без последици, а некои високи политичари инстант ќе станат (и останат) непопуларни, но тоа е цената на таа јавна професија.

Никола Поповски

Годината 2025 пред 40-ина денови влазе во својата втора половина и полека јуриша кон својот крај, а годишната стапка на инфлација во јули достигна превисоки 4,8% и се забрзува бидејќи во мај беше 3,3%, во јуни беше 4,5% и т.н. Слична динамика има и просечната годишна инфлација која достигна 4,0% и забрзува од 3,7%, 3,8% и т.н.

Тоа најмногу е резултат на економските политики, особено фискалните (високи и континуирани дефицити и влошување на структурата на буџетската и воопшто јавната потрошувачка што предизвикуваат забрзана лична потрошувачка) и монетарните (реални каматни стапки што се многу блиски до номиналните и предизвикуваат забрзана инвестициска потрошувачка) што во целиот свет (разочарувачки!) но и кај нас (исто така!) некаде од 2010/2011 година се постојано експанзивни и погрешни. Сега жртви на тоа се сите.

Десничарските влади што доминираат во светот (и кај нас) се заведени (и кај нас) од мислата на ултралевичарите дека решението е во нивниот директен интервенционизам преку контрола и максимизација на цените, тарифите, трговските маржи, трговските и производителски профити, па дури и уредби за намалување на цените со владини наредби и слично. Тотално на погрешен колосек.

Ефектот многу брзо ќе биде повторно зголемена инфлација, а таа ги погодува граѓаните што се во групата на најсиромашните 1/4 од населението па дури и во групата на посиромашните 2/3 од населението што се најбројна структура во општеството.

Затоа најдобро ќе биде веднаш и сериозно да се активираат стандардните пазарно ориентирани антиинфлациски инструменти на фискалната и монетарната политика (тие се познати) со носење на мерки (исто така познати) за индиректна контрола на инфлацијата.

Тоа не е лесно и без последици, а некои високи политичари инстант ќе станат (и останат) непопуларни, но тоа е цената на таа јавна професија. Подобро сега да се направи тоа со помали последици, отколку подоцна со поголеми и пострашни последици. Миле Паника би рекол: „И то!“

Од Фејсбук ѕидот на авторот

 

инфлација колумна Никола Поповски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
ФОКУС
January 27, 2026

Трендафилов: Утре на протест за платите – не им се плашете, никому ништо не должите, должите само достоинствен живот на семејството

ВЕСТИ January 27, 2026

28 јануари е денот кога работниците зборуваат, овој протест е за вашите плати кои не…

Историски највисока цена на златото – достигна над 5.000 долари за унца

January 26, 2026

Минеаполис: Растат тензиите откако Федерални агенти убија уште едно лице

January 25, 2026

Казните од Сејф Сити – од 20 до 400 евра

January 25, 2026
ТИКЕР

Најмалку 11 мртви во пукотница на фудбалско игралиште во Мексико

January 26, 2026

Милка „фатена“ на дело – чоколадото прогласено за измама на годината

January 21, 2026

Јанукович во отуство осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште

January 20, 2026

Десетици исчезнати во пожар во трговски центар во главниот град на Пакистан

January 19, 2026

Десетици загината во железничка несреќа во Шпанија

January 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.