Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Информатичарите и фармацевтите во РМ се вработуваат најбргу

0
By Нова ТВ on July 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инженери, програмери, информатичари и фармацевти во РМ се вработуваат најбргу, а најтешко до работа доаѓаат економисти, правници, социјални работници и психолози.

Образовниот систем не е услогласен со пазарот на труд, објавува Дојче Веле.

Во евиденцијата на Републичката агенција за вработување голем број невработени има и од следните профили на занимање: професор по одделенска настава на македонски јазик, дипломиран учител, професор за предучилишно воспитување, дипломиран менаџер по туризам и угостителство… Гимназијалците се најбројни кај невработените со завршено средно образование, а потоа следат економските, земјоделските, конфекциските, ветеринарните, угостителските техничари …

Од оваа агенција за ДВ велат: Кога станува збор за профили кои се барани на пазарот на трудот, работодавачите искажале потреба и за работници за следните занимања: електроинженер за пренос и распределба на електрична енергија, инженер-технолог за прехранбени производи, архитект, графички дизајнер, машински техничар, градежен техничар за високоградба, медицинска сестра со положен државен испит… Ѕидарите, пекарите, браварите, шивачите, готвачите, заварувачите и армирачите се постојано барани на пазарот на трудот.

Зошто доаѓа до ситуации млади луѓе да инвестираат 4 – 5 години од својот живот и повеќе илјади евра за да дојдат до одредена диплома, било од средно училиште, било од факултет, а потоа да сфатат дека за нив нема работа како такви профили?

Љупчо Печијаревски, социолог и експерт за економика на работната сила и управување со човечки ресурси од државниот Економски факултет во Прилеп, коментира: „Се создава цела армија на маргинализирани млади граѓани, кои го дале својот максимум во својот тогашен интелектуален развој, завршувајќи определено високо образование и инвестирајќи во сето тоа материјални средства и интелектуален труд. Но, без никаков ефект. Тоа е лична драма и личен проблем и зборува за голема неефикасност на постојниот економски систем. Децентрализацијата на високото образование, спроведена со најдобри намери пред неколку години, создава несоодветни кадри за кои пазарот на труд нема потреба.“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.