Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иницијативен одбор: Не- за дебата за Законот за медиуми

0
By Нова ТВ on August 13, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Иницијативнот одбор за ослободување на Томислав Кежаровски од притвор во пресрет на дебатата за Предлог -законот за медиуми ги повикува колегите новинари и преставниците на здруженијата, асоцијациите и другите медиумски организации да не учествуваат во дебатата.

-Сметаме дека во услови во кои колегата е во притвор од 28. 05.2013 поради напишан текст а мерката му се продолжува три пати по триесет дена, не треба да се дебатира за каков било закон кој се однесува на работата на новинарите и медиумите, соопштува Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски од притвор.

Судењето на Кежаровски кое беше минатата недела (9.08) од репортерката на НОВА Сашка Цветковска, беше опишано како едно од најемотивните сведочења- она на новинарот Томислав Кежаровски. Неговата сопруга го слушаше Томислав внатре, а нивната ќерка чекаше вести надвор, бидејќи како малолетник не и беше дозволено да влезе во судницата за да го види татко си.

– Се соочувам со неразумниот каприц на правосудните органи, а јас само ја работев својата работа. Не е потребно човек да е правник за да примени здрав разум и логика и да ја сфати апсурдноста на обвинението против мене кое ми го наруши мирот и семејното спокојство, рече Кежаровски кој во неколку наврати не успеа да си ги сопре солзите.

Се пожали и на мерката притвор, иако судијата неколку пати го предупреди да не зборува за притворот бидејќи таа не била надлежна за тоа.

– Мерката притвор ќе ја окарактеризирам како крвничка. Секој ден доаѓаат луѓе во Шутка и по неколку дена ги пуштаат дома, но јас сум таму три месеци. Сега само што пуштија обвинет за убиство оти имал болки во увото. Се прашувам дали требаше да фатам пиштол во рака или нож или можеби да ја пљачкам државата за да добијам таков третман, рече новинарот.

На адвокатите на одбраната на два пати им беше забрането да му постават прашање на Кежаровски. Првото прашање гласеше „дали непосредно пред определувањето на притворот на Кежаровски му била упатена некаква непристојна понуда“, на што судијата експресно викна „се одбива, не може“. Потоа стана друг адвокат од одбраната и рече дека ќе го преформулира прашањето кое овојпат гласеше „дали сте примале закани во врска со овој случај“, на што судиите повторно нервозно одговорија дека овие и сите слични прашања не се одобруваат.

Неговиот адвокат Филип Медарски се пожали дека се уште не му бил одобрен увид во записникот, на што му се придружија и останатите адвокати кои тврдеа дека не им бил овозможен увид во сите докази. А обвинија и дека истражниот судија и обвинителката селектирано им ги дале материјалите од специјалните истражни мерки спроведени во 2009 година.

-Во многу наврати не се дадоа докази, не се даваа докази на увид, не ни се дадени ниту наредбите за посебни истражни мерки, односно следење на комуникациите за да видиме дали се спроведени законски, а еве само ќе ви кажам еден пример – најголем дел од спроведените мерки се снимки без аудио запис. Значи сама снимка кога двајца луѓе разговараат да се достави до судот како доказ без да има аудио запис за да се види содржината на разговорот дали е нешто противзаконски или не, тоа е апсурд, рече адвокатот Александар Тортевски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.