НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инспекторат за земјоделие: За случајот отровно грозје дознавме од медиумите

0
By Менче Атанасова Точи on November 14, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Молк од Агенцијата за храна по информацијата што ја објави НОВА дека македонско грозје полно со отровни хемикалии, минатата недела било повлечено од маркетите во Франција. Француските власти токсичното грозје го откриле при случајна контрола во маркетите, по што веднаш било препорачано повлекување на грозјето од пазарот.

Во македонското грозје биле најдени количества над дозволеното од хемиските супстанци диметоат и ометоат кои се користат како пестициди стои во известувањата на системот за брзо предупредување при појава на небезбедна храна при ЕУ.


Дејан Рунтевски, директор на Агенцијата за храна

НОВА целиот ден се обидува да добие одговор од Агенцијата, дали знаеле за случајот со токсичното грозје. Доколку знаеле што е превземно, дали ја казниле фирмата, го контролирале ли останатото грозје кое го има во изобиле на пазарите и трпезите на граѓаните, а особено го сакаат децата?

Сеуште чекаме да ги добиеме документите и резултатите од анализите за краставиците кои беа вратени од Хрватска бидејќи содржеле опасни хемикалии, од пестицидот хлорпирифос со кој биле прскани два дена пред берба. Директорот Дејан Рунтевски и неговиот заменик Абдулезел Догани молчат за случајот, а не е достапен и портпаролот на Агенцијата, нема одговор на прашањата кои ги испративме утринава по електронски пат. Неофицијално, во оваа валдина агенција чекале чекале погоден момент за да излезат во јавноста.

Од Државниот инспекторат за земјоделие велат дека за случајот со токсичното грозје дознале од медиумите иако за тоа е должна да ги извести Агенцијата за храна, веднаш откако ќе го добие известувањето од системот на брзо предупредување на ЕУ. По ова инспекторатот треба да прати контроли на терен за да земаат мостри и од другото грозје.


Румен Стаменов, директор на Државниот инспекторат за земјоделие

-Навистина, од вас медиумите дознавме за случајот со грозјето кое било вратено од маркетите во Франција. Очекуваме да не контактира Агенцијата за храна, која веројатно е известена од Системот за брзо предупредување на ЕУ, за да можеме да испратиме инспектори на терен изјави за НОВА директорот Румен Стаменов.

Тој вели дека фитосанитарните инпектори даваат сертификати за извоз на земјоделските производи со кои се гарантира здравствената исправност на производите, односно дека во себе немаат вируси, бактерии, габички и други причинители на болести. Но, со прекумерното прскање со хемиски супстанции, односно пестициди само се уништува имиџот на државата и се загрозува извозот на производителите кои работат според стандардите вели Стаменов.

-Таков е примерот со краставиците кои беа уништени во Хрватска. Ние бевме во контрола и земавме мостри од краставиците во оранџеријата во Валандово, но дури десет дена по прскањето со пестицидот. Периодот на каренца или распаѓање на хемикалијата е осум дена, така што резулатите покажаа дека се во граница на дозволеното ниво. Но, производителот ги берел краставиците два дена по прскањето што не смеело да се случи, затоа хрватските инспектори најдоа седум пати повисоко ниво на пестициди во нив изјави Стаменов.

Тој вели дека на секоја кутија со вакви опасни препарати има упатство за употреба, но нагласува дека често пати причина за големото количество на отровни супстанци во нив е опремата со која се прска. Според Стаменов доколку овие машини се стари, а најчесто се стари и по 20 години,тие испуштаат покрупни капки од хемикалијата и со тоа прскаат поголема количина од пестицидот. Нема техничка контрола на механизацијата, а потребни се и обуку на земјделците велат во инспекторатот.

Ова не е првапат македонски производи да се враќаат од земјите на ЕУ, а најголема причина според Системот за брзо предупредување на Европската унија е прекумерна употреба на отрови, односно пестициди во овошјето и зеленчокот.

Годинава во април исто така биле повлечени јаболка од Македонија, полни со пестициди од пазарот во Романија.

Мината година Словачка повлекла сладолед од Македонија поради присуство на тешки метали, а во Словенија биле повлечени македонски домати во кои било најдено прекумерно количество на дури пет различни отрови кои се користат во пестицидите.

Најмногу се повлекувале јаболка и грозја поради присуство на недозволени количества пестициди, а имало случаи кога во готови производи, како бонбони и сладоледи биле пронаоѓани остатоци од инсекти и инсектициди.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.