Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инспектори на УЈП во контрола на „КАМ“: Маркетите синоќа запечатени, пописот прекинат

0
By Sashko on March 22, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Инспектори на Управата за јавни приходи (УЈП) вршат контрола во маркетите на „КАМ“ која е насочена кон утврдување на фактичката состојба на залихите во магацин со книговодствената евиденција.

Од УЈП денеска ги демантираа информациите дека маркетите се запечатени поради прекршочни санкции. Запечатувањето на маркетите, како што наведуваат, е направено синоќа заради прекин на пописот со цел да не настанат евентуални измени во фактичката состојба на залихите во продавниците и магацините.

„Сите објекти во раните утрински часови на 22/03/2022 година се отворени, односно службениците од УЈП ги отстранија пломбите во присуство на вработените на даночниот обврзник и со пописот се продолжува во текот на денешниот ден и се планира да заврши денес“, велат од УЈП.

Додаваат дека контролата произлегува од низата неправилности кои биле утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територија на цела држава по однос на примената на даночната стапка.

„Управата за јавни приходи кај даночниот обврзник КАМ ДОО, Илинден започна со извршување на надворешна контрола согласно Законот за даночна постапка за увид во состојба на залихите на трговска стока во магацин и продавници со цел констатирање на фактичката состојба на залихите и споредба со книговодствената евиденција. Контролата произлегува од низа нерегуларности утврдени со контролите по Законот за регистрирање на готовинските плаќања во повеќе маркети на територијата на цела држава по однос на примена на даночна стапка“, наведуваат од УЈП.

За исходот од извршените контроли, како што посочуваат од УЈП, не може да информираат од причина што согласно член 9 став 1 од Законот за даночна постапка, службените лица на Управата за јавни приходи се должни како даночна тајна да ги чуваат сите документи, информации, податоци и други факти за даночниот обврзник до кои дошле во даночната, прекршочната или судската постапка.

Се огласија и од КАМ маркети од каде информираа дека се работи за редовна инспекциска контрола и дека во текот на денот се очекува маркетите да продолжат со редовна работа.

„Ве известуваме дека во моментот се врши инспекциски надзор во КАМ маркетите. Се работи за редовна контрола. Оние објекти кои во моментот не работат се затворени заради обезбедување услови за непречено одвивање на работата на инспекторите: спроведување попис и останати потребни активности. Во текот на денот, очекуваме КАМ маркетите да продолжат со редовното работење“, стои во соопштението од КАМ маркет.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Обвинителство во Милано: Викенд снајперистите во Сараево носеле пушки како за лов и плаќале да убиваат деца

ВЕСТИ November 13, 2025

Обвинителството во Милано, како дел од истрагата за „викенд-снајперисти“ за време на опсадата на Сараево,…

81 година слободно Скопје

November 13, 2025

Трамп го потпиша Законот за финансирање, со што заврши рекордната блокада на работата на американската Влада

November 13, 2025

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

November 12, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.