Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Институциите молчат пред изборната корупција

0
By Сашка Цветковска on February 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


УЈП да почне да ги истражува финансирањата на партиите, а владините кампањи да одат само на јавниот сервис – ова се дел од препораките како да се спречи изборен поткуп и злоупотреба на државните ресурси за партиски цели.

Финансиите на партиите и нивните изборни кампањи остануваат црно дувло за коруптивни шеми и сериозни финансиски малверзации . Од изборен поткуп преку вработувања, тендери и владини кампањи за време на предизборието, па се до проблематичните партиски донации, па дури и илегални пари – проблемите се чини се продлабочуваат од избори до избори.

Ова беа заклучоците од трибината во организација на Транспарентност Интернешнл Македонија на тема финансирањето на изборната кампања пред локалните избори, кој не дојде ниту еден претставник од Антикорупциската комисија, Државната изборна комисија и Заводот за ревизија, како и од владејачката ВМРО ДПМНЕ.

Медиумите и физичките лица кои се јавуваат како донатори на партиите остануваат едни од најпроблематичните илустрации за корупцијата во изборите.

“Во Македонија на претходните избори во извештајот на владејачката партија, но и другите, немате фирми кои дале пари за партии, туки само физички лица. Има такви кои не знаат дека донирале, такви кои не се сеќаваат дека донирале. И сето ова не се теми за институциите”, вели уредникот на Фокус, Јадранка Костова.

“Во дв дена сите петстотини донатори на ВМРО ДПМНЕ отишле во банка и сите донирале иста сума пари. И сите од администрација”, констатира претставникот на ЛП, Кире Бузлиев.
Претседателката на Транспарентност, Слаѓана Тасева, вели дека време е управата за јавни приходи да почне да се занимава со овој проблем, со оглед на тоа дека во земјие од регионот тоа веќе се прави.

“Во Србија во моментов нивното УЈП на големо ги испитува сите физички лица кои донирале пари во партијата за да видат дали се реални донациите и од каде им се парите. Кај нас УЈП воопшто не се бави со таа проблематика, а тие се најповикани, не само Антикорупциската или ДИК”, вели Тасева.

Претставници на опозициските партии НСДП и НДП на Руфи Османи обвинија и за проток на нелегални пари во финансирањето на изборите. Од НСДП тврдатдека во град во Источна Македонија, македонски пратеник од власта купувал гласачи со пари во торба на локалните избори од 2009 година, а претставникот на НДП обвини дека ДУИ го правела истото во Чаир и Арачиново.

Една од препораките која произлезе од панел дискусијата е со закон да се забрани владата да се рекламира во приватните медиуми, а нејзините кампањи да одат само на јавниот сервис, со што би се спречил поткупот на медиуми на избори со државни пари.

Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија и Државната изборна комисија, иако поканети, не дојдоа на дискусијата на финансирањето на партиите.

Во видеото погледнете дел од коментарите на учесниците на трибината.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.