Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Институт од Љубљана: 100 лица од режимот под истрага на СЈО

0
By Нова ТВ on April 28, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во оптек е список на „топ 100 лица“ на режимот на Никола Груевски кои се предмет на истрага на Специјалното јавно обвинителство, пренесува Стандард.

Покрај главните осомничени за криминал и корупција, Никола Груевски и Сашо Мијалков, се наоѓаат и повеќе други поединци кои се доведуваат во врска со актуелниот режим како Миле Јанакиевски, Владимир Пешевски, Коце Трајановски, Орце Камчев, Срѓан Керим, Муса Џафери, Беким Хасани, Минчо Јорданов, Целе Панделески, Никола Тодоров и многу други, наведува во својата анализа за земјава Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана во анализата под наслов: „Македонија: Украдена држва и демократија“.

„Медиумите и медиумскиот простор се под апсолутна контрола на режимот на Никола Груевски, поранешниот премиер, кој сé уште е претседател на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутен господар на Македонија. За ускратувањето на слободата на медиумите во Македонија во своите извештаи во последните неколку години редовно предупредуваа и меѓународните организации.

Формирањето на Специјалното јавно обвинителство дава надеж дека во Македонија би можеле да се покренат бројни позитивни процеси и да се започне „дегрујевизација“ на државата.

Во анализата на институтот се наведува дека неопходно е да се формира Специјален суд на исти основи како и Специјаното јавно обвинителство, кои би го процесуирале криминалот кој се поврзува со доделување на субвенции, местење на тендери, трансфер на пари во Белизе, Кајманските и Девствените острови, Чешка, Кипар, итн. Стои и дека во последните 10 години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ од Македонија се изнесени околу 2,2 милијарди евра преку разни облици на криминал и корупција.

Институтот наведува дека САД и ЕУ не смеат да ја остават Македонија на цедило, туку да и помогнат да ја вратат украдената држава и повторно да ја воспостават демократијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.