Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, во рамките на традиционалната манифестација „Денови на Благоја Корубин“, традиција што трае речиси три децении, оваа година, по 29. пат, организира Меѓународен научен собир на тема: Јазикот во медиумите – состојби, предизвици, перспективи.
Собирот ќе се одржи на 15-ти и 16-ти мај во Институтот за македонски јазик.
Поздравни обраќања ќе имаат директорката на Институтот за македонски јазик проф. д-р Елена Јованова-Грујовска и претседателката на Меѓународниот организациски одбор проф. д-р Катица Топлиска-Евроска, а промотор на Зборникот Јазикот во уметничката литература ќе биде проф. д-р Лилјана Макаријоска.
Темата претставува предизвик за научни истражувања, но е интересна и практична за новинарите, за лекторите и за сите медиумски работници.