Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интерес за вакцинација против Ковид-19, помалку хоспитализирани пациенти и активни случаи

0
By Нова ТВ on May 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје и во останатите шест регионални пункта низ државата и вчера продолжи масовната вакцинација на населението, која, според Министерството за здравство се одвива непречено, а интересот за вакцинирање секојдневно се зголемува.  Вакцина вчера прими премиерот Зоран Заев, а за денеска е најавено дека ќе се вакцинира и министерот за здравство Венко Филипче, кои постојано апелираат граѓаните да се пријават и да се вакцинираат.

-Вакцините се безбедни, проверени, тестирани и навистина колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши борбата со овој невидлив непријател пандемијата од Ковид-19. Важно е масовно да се учествува во процесот за имунизација за да се промени целокупната слика на епидемијата во позитивна смисла и полека да го постигнеме колективниот имунитет, порача Заев, откако во СЦ Борис Трајковски ја прими првата доза од вакцината против Ковид-19 од кинескиот производител Синофарм.

Тој ги охрабри сите граѓани кои досега не се пријавиле за вакцинација на веб страницата вакцинација.мк, да го направат тоа што поскоро и со тоа, како што нагласи, да си го обезбедат единствениот ефикасен начин за заштита од коронавирусот.

Верува дека со дозите вакцини што пристигнаа минатата седмица, како и со сите договорени и потврдени количини што треба да пристигнат во претстојниот период, дека е можно до почетокот на летото да имаме висок процент население кое ќе биде вакцинирано, што ќе придонесе за целосно менување на сликата на епидемијата кај нас.

Кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо вчера при посетата на вакциналниот пункт во поликлиниката „Јане Сандански“ изрази задоволство што 200-те илјади дози вакцини од Синофарм КОВИД-19 што беа испорачани на крајот на април и се од помош на Северна Македонија за да изврши масовна вакцинација.

-Како што сме сведоци и премиерот Заев само што беше вакциниран со вакцината Синофарм, што е уште еден пример за пријателски односи меѓу Кина и Северна Македонија, демонстрирајќи ја целосната македонска доверба во кинеската вакцина која ја одразува добрата волја на Кина за активна поддршка на Северна Македонија во заедничка борба против епидемијата, изјави амбасадор Ѕуо.

Покрај сегашната огромна домашна побарувачка за вакцини, наведе амбасадорот, Кина ги надмина тешкотиите и обезбеди поддршка за Северна Македонија и другите земји, се со цел да работиме заедно за да изградиме заедница за заедничка иднина за човештвото. Вакцината е моќно оружје за надминување на епидемијата и сите страни треба да ја зајакнат меѓународната соработка за вакцините за да не остане ниту една земја во која има потреба од истите. Никој што чека вакцина не е заборавен. Кина е подготвена да продолжи да ги продлабочува практичните размени со Северна Македонија, да работиме заедно во борбата против епидемијата и да промовираме економско закрепнување за придобивки на нашите земји и народи, порача амбасадорот Ѕуо.
Како што соопштија од Министерството за здравство, на вакциналните пунктови во државата, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 74 076 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 7 963 граѓани, а  вкупно се вакцинирале 9 123 граѓани. Во државата вкупно вакцина и ревакцина примиле 92 253 граѓани. Со последните бројки 25 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, како и лица вработени во критична инфраструктура. Покрај во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид, здравствените власти најавија дека набрзо ќе бидат отворени и регионални вакцинални пунктови и во Велес и во Прилеп. Од општинските власти се бара да направат напори за отворање регионални центри за да се доближи местото за вакцинирање до граѓаните.

Според последните податоци на МЗ, бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 се намали на 926, а за болничко лекување се на располагање 800 слободни кревети. Во претходното деноноќие од направени 2.660 тестирања беа регистрирани 324 нови случаи на КОВИД-19, починаа 26 лица, а како оздравени се евидентирани уште 1 178 пациенти. Од почетокот на епидемијата во државава се дијагностицирани 153 461 ковид позитивни, починаа 5 042 лица.  Активни се 11 874 случаи, најмногу  во Скопје 5 445, а во останатите градови се под 1000. Во Куманово има 935, во Прилеп и во Тетово по 485, односно 480, Велес 413, Гостивар 306…

 

По намалувањето на времетраењето на полицискиот час кој од завчера е во сила од 23 часот навечер до 5 часот наредниот ден, како и продолжувањето на работно време за терасите на угостителските објекти, за дополнителни олабавувања на рестриктивните мерки ќе се одлучува на почетокот на следната недела.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025
ФОКУС

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за околу 500 денари

ВЕСТИ October 20, 2025

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 467 денари во споредба…

Во Скопје ќе има втор круг, градоначалник ќе се бира меѓу Ѓорѓиевски и Мециновиќ

October 20, 2025

Ватикан: Папата канонизираше седум нови светци

October 19, 2025

Ен-би-си Њуз: Организаторите на демонстрациите против Трамп – протестираа 7 милиони луѓе на 2.700 собири

October 19, 2025
ТИКЕР

Хамнеи: Трамп нека продолжи да сонува дека САД ги уништиле иранските нуклеарни капацитети

October 20, 2025

Граната го погоди обезбедувањето на Џеј Ди Венс за време на воена вежба во Калифорнија, нема повредени

October 20, 2025

Нова сообраќајка во Србија, многу повредени и двајца загинати

October 19, 2025

Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци

October 19, 2025

Трамп: Американската војска уништи подморница која со голема количина наркотици пловела кон САД

October 19, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.