Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интернетот главен проблем со електронските рецепти и упатите

0
By Менче Атанасова Точи on August 5, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веќе петти ден во државата се спроведува „системот за електронско упатување со закажување и електронскиот рецепт“. Граѓаните се обидуваат да се прилагодат на промените, а повеќето од лекарите се надеваат дека со ова ќе им се олесни работењето.

Но, што се случува кога на момент не снема интернет или ќе се блокира системот.

НОВА беше во еден од градовите во внатрешноста и на лице место имаше прилика да види што се случува во такви моменти. Лекарот специјалист чија ординација нема да ја именуваме од оправдани причини, уште во утриниските часови имал прекин на интернетот од скоро два часа. И тоа предизвика хаос во ординацијата и меѓу пациентите.

Пациентот кој бил закажан во 9 часот успеа да влезе дури во 11 часот на преглед, а беа поместени термините и на сите останати пациенти закажани тој ден. Сликата која ја затекнавме во чекалната на ординацијата беше страшна. Едно бебе спиеше на рацете на својата мајка која тврдеше дека чека со часови за преглед, а бебето имаше темпартура и болки. Друго три годишно дете нервозно трчаше низ ходникот додека неговата мајка се обидуваше да го смири. Другите пациенти беа нервозни и беспомошно гледаат кон шалтерот да не ќе ги викнат за преглед. Еден од двајцата старци кои дошле на закажано по горештините, револтирано коментираше.

-Тука дојдов на закажан термин, а чекам со часови. Јас сум со висок притисок, неможам да чекам. Мојот лекар ме убедуваше дека сега веќе нема чекање, дека ќе биде подобро но еве што се случува изјави револтирано овој седудесетгодишен човек.

Во ординацијата лекарот беше во хаос. Збунет и препотен, откако успеал да ја убеди кабловската служба побргу да го отстранат дефектот, се мачеше како да ги внесе пациентите бидејќи секој од нив бил закажан во одреден термин, а да не внесе забуна.

-Мислев дека електронското закажување ќе ги намали турканиците и гужвите пред врата. Но, вакви проблеми кои може да бидат чести во пракса комплетно ја пореметуваат работата. Како јас сега ќе им објаснам на надлежните и на инспекциите зошто пациентот не влегол во 9 часот кога имал закажано туку дури во 11 часот, и се така по ред со остантите пациенти. Да не објаснувам дека надвор чекаат нервозни и револтирани пациенти кои се чувствуваат излажани и измалтретирани изјави лекарот.

Само пред неколку дена Министерството за здравство соопшти дека проектот успешно е спроведен во 20 општини. Од таму потенцираа дека ниту еден пациент не смее да биде вратен како во текот на имплемантција, така и после тоа како резултат на проблеми со системот. Паралелно со ова на сите матични лекари им биле доствени прецизни протоколи како да постапуваат во случај да снема интернет, струја или се случат други технички проблеми.

Надлежните велат дека со целосното спроведување на овој систем најголем бенефит ќе имаат пациентите, ќе се намалат бирократските процедури, турканиците и гужвите пред ординациите, а времето на чекање ќе се сведе на минимум.

Проектот започна да се применува од почетокот на август, откако пред еден месец се блокира системот токму на првиот ден од неговата примена. Настана хаос, лекарите неможеа да закажуваат прегледи ниту да издаваат рецепти, а штетата ја почувствуваа пациентите. По ова Министерството донесе одлука да го стопира проектот додека не се надгради компјутерскиот систем.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
ФОКУС

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

ВЕСТИ October 11, 2025

Вредноста на украденото злато се проценува на околу 1,8 милиони евра.

84 години 11 октомври – Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025

Добитничката на Нобелова награда за мир Мачадо: Ја посветувам наградата на страдалниот народ и претседателот Трамп

October 10, 2025

По прекинот на огнот илјадници Палестинци се вратија во Газа

October 10, 2025
ТИКЕР

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025

Макрон повторно го назначи Лекорну за премиер на Франција

October 11, 2025

И студентите во блокадата и поддржувачите на владата организираат собири за поддршка на Србите во Косово

October 11, 2025

Тенеси: Повеќе загинати и десетици исчезнати во експлозија во фабрика за експлозиви

October 10, 2025

Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

October 10, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.