НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју, Јане Спасиќ режисер на краткометражниот филм „Имиња“: Нам ни е работа преку приказни да и дадеме некаква смисла и утеха на оваа сурова човечка реалност

0
By Ана Василевска on July 16, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
Јане Спасиќ
Јане Спасиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Разговараше: Ана Василевска

„Од еден општествен аспект го отвора прашањето на прерано пораснатите деца, прашњето за бегалците и нивните „привремени“ животи, а од човечки аспек, или подобро да речам детски (протагонистот во филмот е дете) ја отвора темата за првото и прерано соочување со концептот на смртта која „демне“ над бегалскиот камп. Сето она што за огромна жал е сеприсутно околу нас во моментов.“

Краткометражниот игран филм „Имиња” во режија на Јане Спасиќ, премиерно ќе биде прикажан на утревечер во 20.30 часот во МКЦ парк, во рамки на 22. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Сижето во филмот е околу главниот лик Марко и неговата мајка.  Кога тие ќе пристигнат во прифатен центар за бегалци полн со деца, жени и стари луѓе, момчето запознава двајца другари, кои му објаснуваат дека е само прашање на време кога војниците ќе донесат кутија за чевли, полна со предметите на некој од нивните татковци, кои загинале во војната. Штом ќе се сместат во центарот, едно од децата му открива на Марко дека училницата во која се сместени е проколната: Смртта ќе ги посети оние чие презиме е на вратата и тие најверојатно ќе добијат кутија. Марко станува опседнат со звукот на војничкиот џип, кој ја носи кутијата од која сите се плашат и смислува план за да ја надитри Смртта.

Во пресрет на утрешната проекција со Спасиќ разговараме за провокацијата да се сработи овој филм, за „филмската мисија“ да се проговори за суштинските теми, за трпеливоста во работата со деттски актери…Иако, театарот е примарен и препознатлив дел од неговото креативно делување, знаењето стекнато од магистерските студии по филмска режија на  на ФАМУ во Прага го преточи во „Имиња“.

На публика сте и познат како театарски режисер и поборник на независната театарска сцена. Која беше провокацијата  за реализација на филм?

Спасиќ: Првата причина е тоа што филмот е тотално поразличен медиум од театарот, кој нуди друга нарација, а од друга страна, вештините за „видеонарација“ во денешно време нудат повеќе простор за егзистенција. Со слични идеи бев и по завршување на магистерските студиите по театарска режија на ФДУ, пред скоро половина век, па така решив да запишам мастер по филмска и тв режија, на ФАМУ во Прага. Таа „авантура“ дојде во вистинско време, во еден период на, истовремена, збунетост и зрелост во разбирањето на животот, светот и приказните. Театарот и филмот имаат некои заеднички работи, но суштински се многу различни.

Сцена од „Имиња“
Сцена од „Имиња“

Какво професионално искуство Ви понуди овој краток филм?

Спасиќ: Па со оглед на тоа дека авторски генерално бев во театар, а во рамки на „филмската фела“ највеќе работев како асистент на режија, во моментот кога Емилија Чочкова, која е продуцент и косценарист на филмот, ми понуди да го режирам „Имиња“, повеќе ми беше како „освежување“ и враќање на нешто што сум заборавил дека ме возбудува. Во суштина, продукцијата на филмови подразбира интензивен и стресен процес кој бара многу приватни жртви. Ние работевме со многу мал буџет, па моравме заедно со Емилија да преземавме повеќе задачи и улоги, но немав ни капка нервоза или анксиозност, како во некогашните „средби“ со процеси во кои „не се чувствуваш како дома“. И така, иако се утепавме од работа со Емилија, минавме мошне мирно и тогаш некако сфатив дека веројатно сум пораснал (да не речам остарел). Веројатно годините на работа како асистент на режија на други проекти си ја завршиле работата, така што, да сумирам, искуството ми беше убаво, интензивно и ептен другарско, поради прекрасна екипа која ја „собравме“ за проектот и која се вложи поради приказната, па затоа целиот процес беше исполнет со лезет и ќеиф.

Што носи „Имиња“? Со што се бави и каква порака пренесува?

Спасиќ: Па не е некој „курир“ кој носи пораки, јас повеќе го гледам како дело кое отвора прашања и тоа, за мене, оние суштинските. Од еден општествен аспект го отвора прашањето на прерано пораснатите деца, прашњето за бегалците и нивните „привремени“ животи, а од човечки аспек, или подобро да речам детски (протагонистот во филмот е дете) ја отвора темата за првото и прерано соочување со концептот на смртта која „демне“ над бегалскиот камп. Сето она што за огромна жал е сеприсутно околу нас во моментов.

Сцена од „Имиња“
Сцена од „Имиња“

Во филмот работите со деца. Какво искуство носите од таа соработка?

Спасиќ: Генерално, веќе ми се „лепат“ високо професионалните изрази како „дечар“ или „аха оној што работи со деца“ и во театарот и во филмот. После неколку претстави каде што играа деца, кои одработуваат сериозни теми (за возрасни) и работата како „тренер за деца“ (несоодветен термин), можеби „child coach“ во „Врба“ како и на неколку други проекти, работата со деца ми беше прилично познат терен, иако при работата со деца никогаш не си целосно спремен. Децата се деца и со нив треба посебна комуникација, јазик, разбирање и будистичко трпение. Треба да внимаваш да не ја нарушиш нивна спонтаност и природност, туку да најдеш начин постојано да ја будиш. Децата во овој филм се срцето на приказната и и многу ми е драг процесот со нив, и ќе ги видите баш се срцки и одлично ги извозеа улогите.

Сцена од „Имиња“
Сцена од „Имиња“

Зошто трагите од војната се во ваш фокус? Уште колку таа тема може да се исцрпува тука, на ова тло?

Спасиќ: Ова не е филм за партизаните или за комитите и некако не се чувствувам како „Имиња“ да се надоврзува на тој наратив за „екс Ју“ кинематографијата. Реално, во првичните идеи на сценариото главната околност беше земјотресот, а не војната, но поради буџетот и цајтгастот (прв пат го употребувам овој израз), некако посоодветно делуваше оваа околност. Но, да веројатно си во право, некако темите кои низ призма го ставаат животот наспорти смртта ми се блиски. За жал, не мислам дека „трагите од војната“ туку „присутноста на војната“ е во фокус. Откако сум роден, а се’ уште немам сто години, сум бил непосреден сведок на две војни, а сега сите сме сведоци на уште една не толку далечна војна и за жал, како ништо да можеме да научиме од последиците. Тоа е многу жално и фрустрира. Ние сме во постојана состојба на деструкција. Но, „Имиња“ е филм која ја гледа војната од многу „подалеку“ и од една мошне различна и специфична призма, на детето наспроти концептот на на смртта, не толку на војната. Да се навратам на твоето прашање, веројатно дури не сфатиме дека во војната нема победник туку и двете страни се борат против „смртта“ и практично сите учесници се поразени, оваа тема ќе биде присутна и ние како автори ќе пробаме да ги артикулираме предизвиците, болките, тагата, траумите и се’ што доаѓа со таа деструктивна сила. Всушност, нам тоа ни е работа, преку наративи, преку приказни да и’ дадеме некаква смисла и утеха на оваа сурова човечка реалност.

Филмот е во продукција на „Арт проект лаб“  и се снимаше во јуни минатата година во средното училиште „Лазар Танев” во Скопје. 

Во филмот главните улоги ги играат Драгана Костадиновска, како и три деца актери: Јаков Павлов, Георгиј Негриевски и Петар Царановиќ. Во епизодните улоги се појавуваат актерите Тамара Ристоска, Златко Митрески и Ангела Стојановска.  

Директор на фотографија е Дејан Димески, сценографи се Срѓан Митровиќ и Михаил Пaнев, костимограф e Раде Василев, шминка и фризура Жанета Димитриевска, дизајнот на звук е на Дарко Спасовски, а монтажер е Горјан Атанасов. Продуцент на филмот е Емилија Чочкова, која е и ко –сценарист заедно со Саше Тасев и Огнен Георгиевски.  

Филмот се реализираше со финансиска поддшка на Агенцијата за филм на Република Серверна Македонија, a снимањето покрај од СУГС „Лазар Танев”, беше помогнато и од Круг филм, Дирекција за заштита и спасување, Министерство за одбрана, Генералштаб – Армија на РСМ, JЗУ СБГА „Мајка Тереза” – Чаир и Црвен крст – Социјално претпријатие Копче. 

 

 

Агенција за филм на РСМ Јане Спасиќ македонски филм МКЦ Синедејс 2023
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.