Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето

0
By Zoran Ivanov on January 27, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 27, 2026 17:33

Денеска е историски момент кога отвораме ново поглавје во односите меѓу Европската Унија и Индија во трговијата, во безбедноста и во врските меѓу луѓето, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по завршувањето на Самитот ЕУ-Индија во Њу Делхи.

– Нашиот Самит испраќа јасна порака до светот дека во време кога глобалниот поредок фундаментално се преобликува, Европската Унија и Индија стојат заедно како стратешки и сигурни партнери, рече Кошта.

Тој нагласи дека како некој чии корени потекнуваат од индиската сојузна држава Гоа, ова партнерство меѓу Европа и Индија за него има посебно и лично значење.

– Денес, го креваме нашето партнерство на следно ниво. Како две најголеми демократии во светот, ние работиме заедно за да обезбедиме конкретни придобивки за нашите граѓани и за да обликуваме отпорен глобален поредок што ги поткрепува мирот и стабилноста, економскиот раст и одржливиот развој, истакна Кошта

Според него, Европската Унија и Индија мора да работат заедно во остварување на заедничкиот просперитет, за што дополнително ќе придонесе и денеска постигнатиот Договор за слободна трговија, со кој се создава пазар од две милијарди луѓе.

Но, како што нагласи Кошта, просперитет не е можен без безбедност, па затоа е потребно зајакнување на соработката меѓу ЕУ и Индија за подобра заштита на граѓаните и заедничките интереси, за справување со целиот спектар на безбедносни закани во Индо-Пацификот, во Европа и низ целиот свет и за достигнување на ново ниво на меѓусебна стратешка доверба.

– Тоа е значењето на нашиот Договор за партнерство за безбедност и одбрана. Прва таква сеопфатна рамка за одбрана и безбедност меѓу Индија и Европската Унија и прв чекор кон уште поамбициозна соработка во иднина, истакна Кошта.

Тој нагласи дека како најголеми демократии во светот и поборници на мултилатерализмот, Европската Унија и Индија ја делат одговорноста за почитување на меѓународното право и Повелбата на ОН и посветеноста на поддршката на напорите за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина.

– Мир што целосно ги почитува независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Ова е клучен момент. Ги поддржуваме сите напори за постигнување праведен и одржлив мир. Украина ја покажа својата подготвеност, вклучително и по цена на тешки компромиси, истакна Кошта.

Според него, во актуелните геополитички услови Европската Унија и Индија мора да покажат лидерство во однос на глобалните прашања и да помогнат во обликувањето на поизбалансиран, поотпорен и поинклузивен глобален поредок.

– Денеска имаме опиплив напредок и поставуваме пример за кооперативно лидерство во однос на глобалните прашања. Со нашиот Договор за слободна трговија, нашето Партнерство за безбедност и одбрана и нашата Заедничка стратешка агенда за 2030 година. Овие резултати се клучна пресвртница на подолг пат. Со нетрпение очекуваме да го продолжиме патувањето. Заедно, како и секогаш, додаде Кошта.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен оцени дека денеска ЕУ и Индија ги жнеат плодовите на посветеноста на меѓусебната соработка со постигнувањето на Трговскиот договор – „мајката на сите договори“.

– Создаваме пазар од две милијарди луѓе. Ова е приказна за два гиганти – втората и четвртата најголема економија во светот. Два гиганти кои избираат партнерство на вистински начин од кој сите добиваат. Силна порака дека соработката е најдобриот одговор на глобалните предизвици, рече Фон дер Лајен.

Со овој трговски договор, според неа, дополнително ќе се интегрираат синџирите за снабдување и заедничката производствена моќ на Европа и Индија, ќе се намалат годишните царини за извозниците за четири милијарди евра, ќе се отворат работни места за милиони работници, ќе се поттикнат иновациите и истражувањето и ќе се спојат индиските вештини и услуги со европската технологија, капитал и иновации.

Фон дер Лајен додаде дека на овој начин не само што ги зајакнуваат своите економии, туку ЕУ и Индија преку партнерството за безбедност и одбрана ја зајакнуваат безбедност за своите граѓани во денешниот сè понесигурен свет, вклучително и во поморството и Вселената, борбата против пиратеријата и тероризмот и справувањето со кибер и хибридните закани.

– Нашето најголемо богатство се нашите луѓе. Затоа ми е мило што потпишуваме Договор за мобилност. Ќе го олесниме движењето на студенти, истражувачи, сезонски и висококвалификувани работници. Затоа ја отвораме и првата канцеларија за правен портал на ЕУ во Индија. Тоа ќе биде центар на едно место за поддршка на индиските таленти кои се преселуваат во Европа. Ова е добро за нашите економии. Ова е добро за пријателството меѓу нашите народи. Оваа отвореност ни користи на сите нас, рече Фон дер Лајен.

Таа потсети дека пред две недели, Индија го одбележа Макар Санкранти, почетокот на патувањето на Сонцето кон север, од темнина до светлина, од тишина до раст и од она што беше до она што може да биде.

– Тоа е она што го прави нашиот Самит толку уникатен и навремен. Времето е зрело за обнова. За свеж моментум и за отворање ново поглавје во пријателството меѓу ЕУ и Индија. И токму ова го постигнавме денеска заедно, заклучи Фон дер Лајен.

 

Договор ЕУ Индија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.