Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју: Митрик (ROOM 313)

0
By Нова ТВ on October 30, 2017 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Неодамна го прославуваа нивното три годишно постоење во соработка со графичкиот дизајнер Илија Димкоски, кој им прави серијал на експериментални и необични постери, кои се во контекст на музиката од ROOM 313. Првиот постер (fluctus I) беше избран за најиновативен постер за 2016 година и беше изработен од хартија, силикон и гипс.

Вториот постер (fluctus II), кој е изработен од гипс картон, доби своја форма на третиот роденден на ROOM 313.  Моментално ROOM 313 се состои од три резидент диџеи: Митрик, LTX, Самарџиски.

Во продолжение разговорот со Митрик.

Неодамна во Приштина, со ROOM 313 прославувавте трета година од вашето постоење на електронската музичка сцена, со FLUCTUS II – серијал на необични постери од Илија Димкоски. Првиот постер (fluctus I), кој беше избран за најиновативен постер за 2016 е навистина инпресионирачки. Кажи ми нешто повеќе за него, за овогодинешниот настан и концептуалниот проект кој го имате со Илија Димкоски?

-Да, на 21ви Октомври прославивме три години Room 313 заедно со второто издание на fluctus постерите на Илија Димкоски. Идејата за дизајнот на fluctus проектите е дистинктивниот стил на техно музиката, кој се карактеризира со ритам машини и комбинирање на електронска музика. Репетитивните ритми се важен аспект за естетиката на самиот постер и инспирација за минималистички пристап, надополнет со автентично испакната композиција од елементи кои „се лепат” на циклусно-базираниот редослед, како метод за компонирање.

Презентацијата на fluctus II требаше да се случи уште во Април во Словенија, во организација на “mølekular”(асоцијација која ја основавме со цел да продуцира настани од мултиуметнички карактер), но се изјаловија работите, fluctus II “си почека” и си доби настап како хедлајнер на нашиот роденден.

Низ овие три години ROOM 313 прерасна во организација која константно придонесува во одржувањето во живот на домашната андерграунд електронска сцена. Ако ја земеме во предвид состојбата на домашната електронска сцена, вие сте едни од ретките млади енергии. Направи една ретроспектива низ овие три години, како почнавте и како патот ве доведе да настапувате во Германија, а вашето три годишно постоење да го прославите во Приштина?

-Целата приказна се одвиваше сама по себе, по природен пат. На почетокот беше само обична студентска соба во “СД Кузман”, која се претвори во едно мини клубче/диџеј работилница . 313 е број кој го означува Детроит и прекрасните звуци кои извираат од таму. “Room 313” како име супер се проби во  електронскиот свет, остава силен впечаток уште во прв контакт со него. Резиденцијалните вечери во клубот Капан Ан и различните артисти кои ги имавме како гости,ни помогнаа во споделувањето на нашиот бренд, што повеќе луѓе да дознаат за нас … и бидна Room 313 ..

Овој пат нема да кажам дека случајно ни се конектирале стварите да успееме да се протнеме во некој германски клуб.. едноставно ако нешто вистински сакаш и целата своја љубов и пасија ја искористиш искрено, тоа ќе си најде пат да стигне каде што му е местото. Со германскиот колектив Phonophil се споивме од причина што имаме слична приказна и слични почетоци. Тие ни дадоа поддршка да настапиме кај нив. Откако ќе те викнат да пушташ музика во друга земја, тогаш нашите “промотери” и сопственици на локали се осигурани дека си добар и почнуваат да те букираат, така почнавме да настапуваме низ клубовите во Македонија.

Нашето тригодишно постоење го прославивме во Приштина, во клубот „Басстор“, од причина што поддршката која ја добиваме од тамошната екипа, моментално е најголема во секоја смисла. Клубот е мал, т.е доволно голем да ја долови приказната на Room 313. Звукот е идеално распореден, такашто звучи исто било каде и да танцуваш во него. Реализатори на настанот беа дечките од букинг агенцијата “Next Level”, што навистина направија да се чувствуваме посебно. Професионалци во својата работа. Огромна благодарност до нив.

Дали сте размислувале за компонирање на ваша авторска музика?

Да, работиме на наша авторска музика, бавно ни оди тој процес од причина што ретко се собираме сите на едно место, но секако дека ќе извадиме нешто наше, само прашање на време е кога.

Дали пред формирањето на ROOM 313 индивидуално се занимававте со музика?

Музиката не започнала со техното, има нешто и пред тоа. Љупчо е музички образован, свири неколку инструменти, од кои нај му идат клавијатури. Јас и Самарџиски свириме гитара. Како гитарист тој има настапувано јавно со хеви метал/рок бенд, низ многу градови во Македонија, а јас само по гаражи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
ФОКУС

Нобеловата награда за хемија за 2025 година за тројца научници кои овозможија „собирање вода од пустински воздух“.

ВЕСТИ October 8, 2025

Нобеловата награда за хемија оваа година се доделува на Сусуму Китагава, Ричард Робсон и Омар…

Без поддршка на САД нема суверенитет на Косово, итно формирање на институциите, повика Советот за албанско-американски односи

October 8, 2025

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

October 8, 2025

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025
ТИКЕР

Српското МВР повикува пензионирани припадници да се вратат на служба за плата од 80.000

October 8, 2025

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.