Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Александар Новакоски: Ова е без преседан-недопустиво е да не се објават изборни резултати

0
By Биљана Секуловска on July 16, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА интервју со Александар Новакоски, поранешен претседател на ДИК, кој ги коментира случувањата со проблемите во Комјутерскиот центар на ДИК и доцното објавување на резултатите. 

Секуловска: Дали постои опасност да се фалсификуваат изборите, со оглед на тоа што се расипа компјутерскиот систем на ДИК, кај што се објавуваат на Интернет изборните резултати?

Новакоски: И без таа Интернет апликација, каде се објавуваат изборните резултати, ДИК е обврзана да ги објави тие резултати, врз основа на Записниците, кои Избирачките одбори ги доставуваат до Општинските. Потоа, Општинските ги доставуваат до ДИК. Општинската прави Записник и потоа тој се врачува во ДИК.

Било кој состав на ДИК е должен да тоа да го направи, таа процедура да е испочитува.

Значи, материјалите и Записникот се валидни документи за ДИК, за да може токму тие податоци, односно резултати да се обработуваат и на крај да се објават.

Секуловска: Дали се обврзани ДИК да објавуваат резултати на Интернет во текот на ноќта, како што пристигнуваат?

Новакоски: Никаде во Законот не стои дека треба да се внесуваат изборните резултати во компјутер.

Општинската изборна комисија прави нов Записнк и ги сумира резултатите, па потоа ги праќа во ДИК. Тоа накратко е законската процедура и мора да се почитува.

Секуловска: Но, дали постои некаква заобиколена форма за фалсификат- упад во компјутерот и внесување на лажни резултати?

Новакоски: Не постои можност за фалсификат преку компјутер, затоа што тие Записници се во хартиена форма, не се на компјутер. ДИК е должен Записникот, каде има податоци за гласањето, односно изборни резултати, да го прими во оргинал, и потоа  да го провери со неофицијалните резултати, кои мора да се поклопат, за да се официјализираат. Значи, валидни се само записници на хартија, и ДИК е должен нив да ги провери.

Слушнав дека некоја фирма направила апликација за изборните резултати на ДИК само пред два дена.

Секуловска: Кое е вашето искуство кога бевте претседател на ДИК? Каква беше точно процедурата?

Новакоски: Ние ги објавувавме резултатите од Општинската, кога што се сумираше претходно во Записникот, и потоа, тие ги праќаа електронски, значи преку Интернет, во ДИК. Ги имавме на сајтот на ДИК и ги носеа оргиналните записници вечерта во ДИК.

Потоа, јас ги ставав записниците во сеф, од кој имавме два клуча- еден беше кај мене, вториот кај генералниот секретар- во тоа време беше Биљана Стојановска, сега веќе покојна.

Да ви илустрирам со пример- кога ќе дојдеше Општинската изборна комисија од Скопје, доаѓаше во ДИК со гласачки ливчиња. Компјутерскиот центар на ДИК ги проверуваше тие компјутерски внесени резултати со оргиналите. Кога се објавуваа ни даваа листи заедно со записниците. Требаше секој член да провери дали се совпаѓаат и потоа ги објавувавме.

Кога ќе се завршеше се, во сеф одеше Записникот, а гласачките ливчиња беа под камера во Собранието.

 

Подносителите на листите, односно нивните овластени набљудувачи, или претставници на изборниот процес примаат табеларен приказ од Записникот, има приговори, се проверува тогаш оргиналниот Записник.

Секуловска: Како тогаш го коментирате фактот што се уште нема резултати?

Новакоски: Ова е без преседан, ова е недопустиво што нема резултати. Знаете што се случуваше 2009 година- ние објавивме 93% обработени гласачки ливчиња, во 23 часот.

Но, претходно, на Општинските изборни комисии им баравме прецизна процедура- пред да дојдат во ДИК со записниците и гласачките кутии, да пратат Записник- и скениран и по факс. Само така може да се има гаранција дека е регуларно се. И затоа и само на тој начин може вечерта ДИК да објави првични неофицијални резултати- но се е тоа со Закон и по процедура која е законски регулирана.

Прашањето е дали во ДИК се пратени гласачките ливчииња и Записниците, односно, доверливите материјали.

Секуловска: Каде е проблемот- не се обучени членовите на Избирачките одбори или пак намерно се саботира изборниот процес?

Новакоски: Не можам да знам дали не се донеле овие материјали заради лоша едукација на членовите на Избирачките одбори

Ако Избирачкиот одбор е просечно обучен, едноставна е процедурата- се бројат гласовите и се праќа во ДИК тој Записник, но секако, тие се должни и физички да ги испратат, веднаш до Општинските, а Општинските откако и сумираат резултатите, составуваат Записник- и материјалот се доставува- до ДИК. Веднаш по сумирањето, тоа е многу важно.

Затоа и сефот го ставив- затоа што според Закон, само оргиналниот записник е доказ при евентуален приговор. Битно е оргиналните записници кога ќе се примат во ДИК, да се проверат од Компјутерскиот центар на ДИК- само така, врз основа на примени записници, ДИК излегува во рок од 12 часа со резултати.  Тие кои ги објавува вечерта, треба да кореспондираат со резултатите во Записникот.

Секуловска: Зошто материјалите не се однесени синоќа туку денес се носат?

Новакоски: Тоа не знам, зависи какво упатство дал ДИК. Ние имавме пракса веднаш да ги примаме записниците и изборниот материјал во текот на целата изборна ноќ и утрото веќе ги имавме резулатите, кои беа валидни и утврдени на Седница на ДИК, се врз основа на оргинални Записниците.

Секуловска: Дали е законски кога сакаат да ги носат?

Новакоски: Не, има рок за објавување за резултатите- а тоа е е 12 часа. Затоа, записниците се примаа во текот на ноќта, за да се запази овој рок.

Секуловска: Меѓународниот фактор внимателно ги детектира овие пропусти, дали може да биде проблем ова задоцнување со резултатите?

Новакоски: Најбитната фаза во изборните стандарди кои ги бараат ОБСЕ и ОДИХР како клучни институции за изборите- е објавување на резултати, но навреме, точно и прецизно. Погледајте што се случи во Хрватска- за два часа веќе беа објавени резултатите.

Ние сме фрагилно општество, затоа е неопходно и исклучително важно да брзо и прецизно да се објават резултатите. Знаете што-  веќе во 12 часот на полноќ ДИК можеше да објави над 93% од резултатите.

Сега се создаде голема тензија. Ова е голем пропуст, а вие новинарите истражувајте дали е намерно или не.

Секуловска: Што би добило ВМРО со вакво одолговлекување?

Новакоски: Да не се признае пораз, затоа што е едно од барањата на ОБСЕ и ОДИХР е и тоа, освен навреме да се објават резултатите. Запазување на роковите на објавување на резултатите е едно од клучните критеруми кои следат ОБСЕ и ОДИХР, за изборите да бидат согласно добрите изборни практики. Сега ќе има жалби, приговори, а тоа создава политички тензии пред се. Истото се случи 2016 година, кога победи ВМРО, три дена го немаше Чичаковски. Вие истражете понатаму што навистина се случувало.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.