НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Миле Сугарев: Моите релации со Дончев се професионални-ФЗО е во добра финансиска кондиција

0
By Менче Атанасова Точи on May 25, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Миле Сугарев на позицијата директор  на ФЗО беше назначен, откако Ден Дончев си поднесе оставка, од како што рече„семејни и здравствени причини“. Во последните две и пол години,  Сугарев ја извршуваше функцијата директор на Секторот за финансиски прашања. За него многу малку се знае во јавноста. Во кратката биографија на веб страната на ФЗОРСМ, стои дека има 14 годишно работно искуство во ФЗО и освен како финансиски директор, работел и како советник на директорот на Фондот, републички внатрешен контролор на ЈЗУ и контролор на придонеси. Посетувал различни обуки за менаџирање, а претходно имал свои сопствени фирми во Делчево, од каде што и потекнува. 

Точи: На позицијата директор на ФЗО дојдовте по заминувањето на Ден Дончев, од како што рече, семејни и здравствени причини. Но, случајот со поранешниот директор стана предмет на Обвинителството за организиран криминал. Обвинителката Вилма Русковска обзнани дека се води истрага против него, без да прецизира за што се работи. Со оглед на тоа што Обвинителството собира докази и документи од ФЗО, може ли да ни кажете што се случува сега таму, по какви документи трага Обвинитеството за организиран криминал во ФЗО? Во здравствената каса се слеваат пари на граѓаните и очекуваат транспарентност во сите сегменти од работењето? 

Сугарев: Фондот соработува со сите надлежни институции и навремено постапува по барањата на истите.  Фондот не е надлежен орган да коментира за работењето на другите институции и за секое прашање поврзано со нивнaта работа прашањата треба да ги упатите до соодветната институција.

Фондот транспарентно објавува податоци за своето работење, како и за трошењето на здравствената каса за која е надлежен, но нема пракса ниту пак има сознанија што се работи во други институтици.

Точи: Дончев најави проекти, а голем дел од нив останаа незавршени. Дали ќе ја следите неговата политика и ќе ги продолжите започнатите проекти за време на вашето раководење со институцијата, со оглед на тоа што се шпекулира дека сте во многу блиски и доверливи релации со Дончев?

Сугарев: Моите релации со г-динот Ден Дончев, како и со директорот Орхан Рамадани се професионални, како впрочем и со другите колеги. Не станува збор за следење нечија политика, туку за поставени цели и приоритети во работењето на Фондот како исклучително важна и сложена институција.

Во креирањето на целите и приоритети учествував како Директор на сектор за финансиски прашања и секојдневните обврски како и започнатите проекти се работат, иако со малку позабавено темпо, заради здравствената криза предизвикана од коронавирусот.

Точи: Бевте директор на Сектор за финансиски прашања, што значи знаете како се трошел секој денар во ФЗО. Каква е финансиската состојба во ФЗО во моментот и како се трошеле финансиските средства од здравствената каса во изминативе три години? Има ли недоследности, незаконски работења или пречекорувања во овластувањата?

Сугарев: Финансиската состојба на Фондот е во добра кондиција и никогаш не било доведено во прашање реализирањето на обврските кон осигурениците и кон здравствените установи, што впрочем, е и неговата основна функција.

Фондот, како отчетна институција, редовно ја известува јавноста преку годишните извештаи, каде што детално е образложено работењето на институтицијата, средствата што се потрошени, како и проектите што се реализираат.

Точи: Поранешниот директор Дончев,заедно со другиот директор Орхан Рамадани, цели три години најавуваа воведување на голем информатички проект. Освен електронскиот рецепт деновиве не видовме ништо од тоа. До каде е овој грандиозен проект со кој треба да се опфатат сите ЈЗУ во државата, аптеките, лабораториите?

Сугарев: Здравствената политика на секоја земја е исклучително важна и сите земји работат на подобрување, но и на осовременување на работењето на здравствениот систем, како и на инситутиците во тоа поле. Сведок сте дека Фондот во континуитет работи на унапредување на електронските услуги кои се достапни за нашите осигуреници и граѓани.

Во таа насока, сега го воведовме и е-Рецептот за хронични болни и морам веднаш да укажам, дека станува збор за еден огромен проект од круцијално значење. Со него се вмрежуваат 767 аптеки, 4000 приватни здравствени ординации и околу 1, 8 милиони осигуреници, така што системски во реално време се има увид патот на осигуреникот до неопходниот лек.

Можеби  сето ова елаборирање навидум звучи едноставно, но верувајте дека зад овој проект стои макотрпна  „позадинска“ работа да се овозможи овој систем  навистина  да функционира ефикасно  од многу аспекти.

Спроведувањето на реформите во ПЗЗ, за 2020 година од страна на Министерството за здравство, Фондот и стручната фела, а поддржано со препораки од Светска банка и СЗО, започнати есента  минатата година, имаат за цел да се воведе модел на плаќање на примарната здравствена заштита, кој ќе допринесе кон обезбедување на сеопфатна и квалитетна примарна здравствена заштита од страна на здравствените работници на примарно ниво.

Примарната здравствена грижа треба да обезбеди: дефинирање и примена на стандарди за обезбедување услуги; справување со одредени состојби на примарно ниво и намалување на степенот на упатување кон повисоко ниво на здравствена заштита. Сето ова ќе биде подржано со информатички технологии кои ќе го намалат административниот товар на избраниот лекар.

За да може оваа реформа да се спроведе во целост потребно е учество на претставници од матичните лекари, кои активно се вклучени во целиот процес, како и специјалистите од клиниките. Но заради здравствената криза и нивната презафатеност не можевме со нормално темпо да ги изготвуваме сите неопходни документи, протоколи и слично. По завршување на здравствената криза, продолжуваме со доработка на Протоколите.

Во последните два месеци  воведовме доста новини во работењето на Фондот. Се уште работиме на  усовршување на нов начин на работа во Фондот. Новината е тоа што осигурениците нема да имаат потреба од доаѓање во Фондот за поднесување на барање за воведување во здравствено осигурување, барање за продолжување на боледување до Лекарските комисии, барање за исплата на боледување и слично.

Сите овие процеси овозможивме да се извршуваат електронски,  барањата да ги поднесуваат со електронски пораки или дури и по телефон, а повратно ние ги известуваме осигурениците со електронска порака, по телефон и каде е неопходно, со праќање на документи од  Фондот до осигурениците, по пошта.

Што се однесува до стратегијата за здравство, таа е при крај со изработката и наскоро се очекува да биде презентирана пред Владата и Министерството за здравство, по што и јавноста ќе биде запознаена со предлозите за унапредување на целокупниот здравствен систем.

Точи: Овој период е актуелна состојбата со коронавирусот.  Имаме ситуација кога ФЗО ги намали цените на тестовите на 1500 денари, а веднаш потоа приватните лаборатории чии тестови се признати од Министерството за здравство, ги зголемија цените за речиси три пати. Дали, после ова некои од нив влегоа во мрежата, склучија договор со ФЗО и кои? Имаше ли потреба од нивно вклучување во процесот на тестирањето?

Сугарев: За цената на тестовите за детекција на коронавирусот Ковид -19, по ПСР  метода, кое е молекуларо испитување, Фондот има референтни цени кои се објавени во Службен весник и на веб страницата на Фондот. За овие молекурални ПСР тестови за детекција на Коронавирусот Ковди- 19, Фондот предложи нова ценa и се чека согласност од Министерството за здравство.

До Фондот тестовите за детекција на коронавирус можат да ги фактурираат лабораториите во Институтот за јавно здравје, лабораторијата во МАНУ, лабораторијата при Фармацевтскиот факултет, бидејќи само тие имаат договор со Фондот за оваа услуга. Потребата за склучување на договори со други лаборатории ја утврдува Министерството за здравство.

Мрежата на здравствени установи не е во надлежност на Фондот и за тоа ќе мора да го адресирате Вашето прашање до Министерството за здравство.

Точи: Што е се тестовите кои Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје ги добиваат како донација. Дали ФЗО ги плаќа и овие тестови по ДРГ како и останатите кои сами ги набавуваат?

Во референтната цена утврдена од  Фондот за секоја лабораториска анализа, влегува труд на медицинскиот персонал, трошоци за медицински и друг материјал (однапред спремени китови за детекција), трошоци за одржување на апаратите и просториите, како и режиските трошоци.

Согласно ЗЗО обврска на Фондот е да врши контрола на финансиско материјалното работење на здравствените установи кои имаат склучено договор со Фондот. По извршена контрола од страна на Фондот, доколку се утврди дека се фактурирани услуги за кои е добиена донација (како за конкретниот пример тестови за ПСР за Ковид- 19), тогаш Фондот ја намалува вредноста на фактурата во висина на добиената донација.

Воедно, Ве известуваме дека ИЈЗ до крајот на месец март 2020 година нема фактурирано ниту една здравствена услуга за ПСР тестирање за Ковид-19.

Точи: Дали Државната кардиохирургија ќе стане приоритет или некои од приватните болници повторно ќе се фаворизираат и ќе добиваат повисоки буџети. По кој принцип ќе се делат буџетите?

Сугарев: Од самото формирање, УК за Кардиохирургија ја има поддршката на Фондот од секој аспект, вклучително и финасискиот. Нивниот буџет се формира според нивниот моментален капацитет, можноста за пружање на соодветни здравствени услуги и стимулација за воведување на нови методи и здравствени услуги.

Може да кажеме дека секоја година овој буџет расте, 2018 година буџетот бил 107 милиони денари, а 2020 е 175 милиони денари.

Веќе се склучени и договори со двете приватни здравствени установи и со УК за државна кардиохирургија за услуги од кардиоваскуларна хирургија за возрасни и истите се идентични, како за јавните така и за приватните здравствени установи.

Критериуми за определување на буџет за дејноста кардиохирургија се повеќе, како што се: расположливи средства на Фондот на кардиохирургија, остварена вкупна вредност на пружени здравствени услуги за дејноста на кардиохирургија од минатата година по референтни цени и понуден вид и обем на здравствени услуги на секоја здравствена установа одделно.

Секоја година Фондот врши средба со здравствените установи и преговара за буџетите за наредната година.

Точи: Како се распределени буџетите за детска кардиохирургија? Дали тимот во Аџибадем Систина ќе биде единствено задолжен за овие операции или истото ќе се прави и во Жан Митрев, клиника? Ќе се праќаат ли деца за операции на срце во странство?

Сугарев: Фондот склучува договори со здравствените установи доколку истите се влезени во мрежата на здравствени установи за соодветната дејност, а тоа значи дека имаат решение за вршење на дејност издадено од  Министерството за здравство. Решението се издава  врз основа на исполнети услови за простор, опрема и кадар.

Министерството за здравство на  ПЗУ Клиничка болница Аџибадем Систина- Скопје и  ПЗУ Клиничка  болница Жан Митрев- Скопје, издаде Листа на здравствени услуги како дел од решението за вршење на дејност. Во Листата се наведени и здравствени услуги од детска кардиохирургија.

Поради тоа за услугите од детска кардиохирургија, согласно Решението за дејности од Министерството за здравство, Фондот одредил надоместок и на двете установи. Нема никакви лимитирачки фактори некој да работи повеќе или помалку. Од годишниот надоместок можат и едната и другата да ги вршат услугите од детска кардиохирургија.

За операции кои не може да се извршуваат во ниедна од двете болници и понатаму останува можноста за упатување во соодветен странски центар за лекување на вакви специфични пациенти.

Точи: Неодамна почина единствениот (што беше преживеан) пациент кој имаше вештачко срце, а серозни здравствени проблеми има и втор пациент кај кого пумпите од пред три години го поминаа рокот на траење. Ќе добијат ли можност за трансплантација (во државата или во странство) пациентите на кои им беа вградени пумпи, за кои беа одвоени големи финасиски суми, како преодна фаза до трансплантација или ќе се остават еден по еден да умираат?(прашањето е поставено пред да се случи првата трансплантација на срце, што не ја менува суштината)

Сугарев: Проблемот со трансплантацијата на органи е комплексен, пред се поради недостаток на органи со кој се соочуваат сите земји во кои се врши трансплантација, а особено кога се работи за органи кои се добиваат од кадавер како што е срцето. Затоа во земјите постои рестриктивна регулатива со која не е дозволено орган да добиваат странците, односно предност имаат нивните државјани.

Исклучок е, ако државите се членки на организации кои обезбедуваат органи на база на реципроцитет, како што е Еуротрансплант, каде има размена на органи од членките на база на строги критериуми и листи на чекање.

Македонија не е членка на Еуротрансплант и не може да обезбеди лекување во странство за овие пациенти, односно не може да обезбеди орган – срце. Во државата е мал потенцијалот за кадаверична донација, но и мала е можноста за компатибилност на тој донор со пациентите кои чекаат трансплантација. За решавање на проблемот со трансплантација на органите, најпрво треба да заживее донаторството на органи (органи од кадавер), а потоа и вклучување на Македонија во Еуротрансплант.

Точи: Дали во лекувањата во странство и понатаму приоритет ќе биде Турција, како што беше досега?

Сугарев: Приоритет за лекувањето во странство е да се најде соодветна болница која ќе даде понуда за одредено лекување, која понуда ќе ја прифати Комисијата за лекување во странство. Фондот бара понуди од соодветни странски болници кои можат да ја пружат бараната здравствена услуга.

Комисија составена од лекари од соодветни клиники, според нивната стручна медицинска проценка одлучува каде ќе го упати осигуреното лице.

Во Комисијата за лекување во странство ниеден вработен во Фондот нема право на глас. Одлучуваат само лекарите.

Точи: Што се случува со Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) каде што не земале плата неколку месеци, а на нив падна најголемиот товар, таму деноноќно се работат тестовите за коронавирус? Зошто толку време не се потпишуваше колективниот договор? Вие учествувавте во преговорите, што е проблемот таму?

Сугарев: Фондот навремено ги извршува финансиските обврски кон сите здравствени установи, така и кон Институтот за јавно здравје. Ова прашање треба да го упатите до ИЈЗ.

Точи: Ќе има ли трансформација на медицинскиот персонал кој со години работи по договор на дело, а е многу потребен во јавното здравство?

Сугарев: Фондот е финансиска институција, чија основа функција е купувач на здравствени услуги. Прашањето, што Вие го поставувате е дел од здравствената политика, па оттаму треба да го адресирате до Министерството за здравство.

Точи: Многу матични лекари заминуваат во пензија. Ќе се распишуваат ли концесии со оглед на тоа што постои опасност да ослабне една од најважните алки, примарното здравство?

Сугарев: Точно е дека матични лекари одат во пензија, меѓутоа, Министерството за здравство распишува концесии за да се осигура дека осигурениците ќе имаат адекватна здравствена заштита.

Точи: На сите матични лекари и специјалисти во ПЗУ исплатата е со 60 дена доцнење. Ќе се смени ли оваа пракса и исплатата да биде, месец за месец?

Сугарев:  Договорениот рок за плаќање на услугите како за матичните лекари така и за специјалистите е 60 дена, од денот на фактурирањето и тука нема никакво доцнење.

Точи:  Имате ли план како до поголема фер распределба на средствата од ФЗО во болниците?

Сугарев: Средствата во сите здравствени установи се распределуваат според Методологија и потребите на државата и тука нема фер распределба. Не сите услуги се застапени подеднакво и не сите услуги се извршуваат со еднаква ефикасност и не сите услуги имаат иста цена. Од овие причини некоја болница добива повеќе средства, а некоја помалку, зависно што работи и колку работи.

Точи: Претходниот директор, Дончев во една прилика кажа за злоупотреби на средства од ФЗО, двојно или тројно фактурирани интервенции од страна на одредени здравствени установи, но се тоа стивна и не се открија детали. За што поточно се работи?

Сугарев: Фондот согласно Закон, прави контрола на трошењето на средствата во здравствените установи, поготово во јавните. Сите констатирани неправилности се евидентирани во Извештаи и истите се праќаат до Министерството за здравство.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.