Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инциденти во Нови Сад, деканот го извадија, граѓаните го полеаа со вода, полицијата ја гаѓаа со јајца

0
By Marija Todorovska on April 28, 2025 ВЕСТИ, РЕГИОН, ФОКУС
Фото: Скриншот Н1
Фото: Скриншот Н1
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Нови Сад, пред Факултетот за спорт и физичка култура, од утрово е тензично. На покана на деканот Патрик Дрид, на кој студентите и насобраните граѓани не му дозволија да влезе на универзитетот, дојде интервентната полиција.

Во неколку наврати имаше инциденти, а полицијата употреби палки и бибер спреј и неколку лица се повредени.

На деканот Патрик Дрид, не му било дозволено да влезе во зградата, јави репортерот N1.

Фото: Скриншот Н1
Фото: Скриншот Н1

Сите граѓани и студенти се позиционирале за да не може полицијата да влезе внатре.

Полицијата во полна опрема за разбивање на демонстрациите ги оттурнува граѓаните и студентите кои го бранат влезот.

Граѓаните извикуваа „Рацете ви се крвави“.

Фото: Скриншот Н1
Фото: Скриншот Н1

Студенти на Факултетот за технички науки на социјалните мрежи објавија дека пред ДИФ во Нови Сад биле удрени неколку студентки, иако не биле директно на пат кон полицијата.

Полицијата и натаму постојано турка и удира студенти. Удрени се неколку студентки, иако не и беа директно на патот на полицијата“, објавија студентите на овој факултет на мрежата Икс.

Околу 10:30 часот полицијата добила наредба да интервенира и потоа со палки почнала да ги удира гранките и студентите кои од утрово се пред ДИФ.

Според известувачот на N1, четири лица се повредени, а една студентка е пренесена во болница.

Репортерот N1 вели дека две ученички биле грубо турнати и паднале на земја.

Не удираат сите по ред со палки, не бираат кого ќе удираат – новинари, девојки, студенти, граѓани, изјавил новинарот Жарко Богосављевиќ кој од утрово е пред Факултетот за спорт и физичка култура.

При интервенцијата пред новосадскиот ДИФ полицијата ја повреди Смиљана Милинков, универзитетска професорка, раководителка на Катедрата за медиумски студии на Филозофскиот факултет во Нови Сад.

„Стоев пред студентите. Мислам дека моја основна должност како професор е да бидам со студентите. Ги држев рацете кренати. Полицаецот беше пред мене и само ме крена и ме тресна на земја“, изјави Милинков за Автономија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Autonomija.info (@autonomija.info)

Интервентната полиција се приближила до задниот влез на зградата на ДИФ и се обидува да влезе на тој начин, а со нив е и деканот Патрик Дрид.

Фото: Скриншот Н1
Фото: Скриншот Н1

Полицијата носи големи сини предмети слични на душеци.

Граѓаните во одреден момент започнале кон полицијата да фрлаат со јајца.

Според професорка од Филозофскиот факултет, деканот Дрид, кој се обидел да влезе во зградата преку задниот влез, бил изнесен од граѓаните.

Дваесетина минути граѓаните го спречуваа амбулантното возило кое го превезуваше деканот на ДИФ, по што припадници на полицијата и жандармеријата го извадија деканот и пеш го спроведоа до полициската станица на улицата Стажоливска.

Кога деканот Патрик Дрид беше изведен од зградата на факултетот. Граѓаните го полеале со вода.

Деканот на Факултетот за спорт и физичка култура во Нови Сад, Патрик Дрид, велат студентите, рекол дека внатре држат луѓе како заложници.

Затоа студентите тропнале на вратата на деканот и ги прашале луѓето внатре дали можат да заминат и зошто се таму.

Фото: Скриншот Н1
Фото: Скриншот Н1

Дваесетина минути граѓаните го спречуваа амбулантното возило кое го превезуваше деканот на ДИФ, по што припадници на полицијата и жандармеријата го извадија деканот и пеш го спроведоа до полициската станица на улицата Стажоливска.

 

 

Декан диф Нови Сад полиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.