Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Инволвираните тврдат: Во Радишани не се случи сообраќајка, туку етнички инцидент

0
By Сашка Цветковска on April 15, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Семејството од Радишани пред чиј дом се одвиваше масовна тепачка ноќта по изборите тврди дека инцидентот започнал откако пред нивниот дом група млади кои славеле победа на првиот круг избори во штабот на владејачката партија почнале да извикуваат под нивните прозорци навредливи зборови како „Шиптари одете си од Радишани“ и „Шиптари излезете да гласате“. Феми Зекири, еден од членовите на ова семејество вели дека биле револтирани кога слушнале дека министерката за внатрешни работи рекла дека инцидентот го предизвикала сообраќајна несреќа. Тој вели дека затоа одлучиле снимките од безбедносите камери на нивната куќа да ги споделат со јавноста, кои можете да ги погледнете во видеото. Видеото започнува од моментот кога помладо лице дискутира со некого од куќата, по што потоа од куќата излегуваат уште две лица од кои едното го удира лицето кое разговара со член на семејството. Потоа истрчуваа толпа лица, по што настанува хаос во кој влетува и возило кое се втурнува во толпата. Од приложените снимки воочливо е дека недостасува една минута на почетокот на снимката. Погледнет го целото видео.

-Нека дојде министерката и нека види како се случи се. Малку им беше што не тепаа, ја тепаа и мајка ми, стара жена, па тргнаа и со кола да не прегазат. Нели е таа и наша министерка, на сите граѓани. Јас во Радишани живеам 40 години и никој не може да ми каже да се селам, вели Зекири.

Тој додава дека никогаш немал проблем со соседите, а дека и со луѓето од штабот на владејачката партија кој се наоѓа до неговата куќа до таа вечер немал никакви проблеми.

Зекири ја кани министерката Јанкуловска да дојде во посета на неговото семејство и да ги погледне снимките, па да види сама дали се случила сообраќајка или не.

Изјавата на Зекири, како и снимките од неговата мајка можете да ги погледнете во видеото погоре.

МВР вчера информираше за случката во Радишани во рамки на брифингот за изборниот процес објаснувајќи дека „Настанот во Радишани е сообраќајна несреќа која подоцна ескалирала во физичка пресметка, но не е поврзана со изборите“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
ФОКУС

Каиро: Нема напредок во преговорите за постигнување мир во Појасот Газа

ВЕСТИ October 8, 2025

Вториот ден од преговорите за завршување на војната помеѓу Израел и Хамас во Појасот Газа,…

Прес на ЦИВИЛ – Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата – бојното поле на вистината“

October 8, 2025

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

October 7, 2025

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025
ТИКЕР

Во станот во кој загина Македонец во Белград имало 1.5 кг експлозив

October 8, 2025

Ласа: Спасителите ги евакуираа сите блокирани од неверемето околу Еверест

October 8, 2025

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.