Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИО за конгрес: Мицкоски да објасни пред сопартијците што сработил во овие 3 години

0
By Нова ТВ on February 18, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„На Македонија и треба сплотена и обединета ВМРО-ДПМНЕ. Без сплотена и обединета ВМРО-ДПМНЕ, власта ќе продолжи да се чувствува комотно, а нејзината неодговорност ќе оди на штета на сите граѓани и државата.
ВМРО-ДПМНЕ треба да биде пример како се работи отчетно и одговорно. Тој пример треба да го покаже сеуште актуелниот претседател Христијан Мицкоски со појавување пред делегатите на вонредниот конгрес закажан за 28 март во Скопје“, стои во најновото соопштение од Иницијативата за конгрес во ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, неговото одбивање да се соочи со сопартијците кои му ја дадоа довербата на вонредниот конгрес во Валандово, може да биде оправдување за секое идно неодговорно однесување на власта.

„ВМРО-ДПМНЕ мора да постави нови стандарди во политиката доколку сака да се наметне во јавноста како сериозна алтернатива на власта. ВМРО-ДПМНЕ треба да ги подигне критериумите кои го доведоа народот во апатија. ВМРО-ДПМНЕ има обврска пред членството и симпатизерите да ги врати 150 000 гласови кои беа загубени од изборите во 2016 година до изборите во 2020 година. Најодговорен за тоа е Христијан Мицкоски кој има обврска да објасни првин пред своите сопартијци се што сработел овие три години и дали ефектот од тоа што го сработел ги задоволува неговите очекувања и претходно поставени цели“, велат од Иницијативата.

Од таму прашуваат дали се точни партиските информации кои се лиферуваат по медиумите дека Мицкоски обезбедил мнозинство и доколку се точни, зошто тогаш и се остава еден ден повеќе на власта доколку тоа е на штета на Македонија?

Инцијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во сабота во 12 часот пред Музејот на ВМРО ќе го промовира слоганот под кој ќе биде организиран конгресот, а и ќе ја објави точната локација, која ќе биде во Скопје.

Ивица Коневски од Иницијативниот одбор за промени, додава дека заканите кон нив доаѓаат од личности кои на тој начин сакаат да му покажат лојалност на својот, како што го нарекува, пастир.

„Мицкоски е деструктивен по карактер и опкружен е со таков профил на луѓе кои охрабрени од него, секојдневно шират омраза по социјалните мрежи. Обично тоа се нереализирани ликови кои се незадоволни од самите себе, свесни за својата неспособност и своите фрустрации ги демонстрираат секојдневно со негативни коментари, постови на ФБ и Твитер, покажувајќи лојалност кон својот пастир“, вели Коневски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025
ФОКУС

Вашингтон до Курти: Прекинот на дијалогот меѓу САД и Косово е поради вашата влада, а не поради Србија

ВЕСТИ September 30, 2025

Стејт департментот порача дека САД се подготвени да соработуваат со косовската влада, но дека очекуваат…

„Ако не го прифатите, ќе биде тоа тажен крај“ – Трамп му даде 4 дена на Хамас за планот за Газа

September 30, 2025

Министерот за одбрана на САД до американските генерали и адмирали: Подгответе се за војна

September 30, 2025

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

September 30, 2025
ТИКЕР

6.9 по Рихтер на Филипини – загинаа најмалку 69 луѓе

October 1, 2025

Експлозии и пожар во Минхен: полицијата со хеликоптер се приближи до куќа полна со експлозив

October 1, 2025

Грција блокирана – штрајк и ден без возови, бродови, такси, …

October 1, 2025

На првото патување тргна првиот воз во Европа без машиновозач

September 30, 2025

Зеленски: Украина испраќа воен тим во Данска за вежба против руски дронови

September 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.